Љубовен хороскоп за февруари 2025: Бикови – хармоничен однос со партнерот, Лавови – врска со зафатена личност
Девици – февруари ќе ви донесе промени во односот со партнерот, но не мора да значи дека сите ќе бидат лоши.
Што ќе ви донесе февруари, месецот на љубовта, на љубовен план?
Дали ќе ги решите проблемите од минатиот месец, или сега ќе се соочите и со нови?
Дали ќе бидете расположени за нешто сериозно или ќе сакате само авантури?
Прочитајте си го љубовниот хороскоп за февруари 2025-та:
Овен
Ако сте во врска
Февруари нема да биде најпогоден за решавањето на емотивните проблеми.
На партнерот ќе му делувате премногу напорно, а вашите барања можно е да бидат превисоки и нереални.
Гневот и фрустрацијата можат да бидат причина и за некоја погрешна одлука.
Најважно ќе биде во текот на февруари да се потрудите да најдете заеднички јазик и да не почнувате нови конфликти.
Ако сте слободни
Во февруари ќе бидете позаинтересирани за неформални и врски без обврски, отколку за нешто посериозно.
Сепак, кон крајот на месецот, бурните емоции ќе се смират, па веќе нема да бидете заинтересирани за површен флерт.
Сосема возможно е да најдете љубов каде што најмалку очекувате, преку некој заеднички пријател и месецот да го завршите со променет статус.
Бик
Ако сте во врска
Февруари ќе ви донесе хармоничен однос со партнерот.
Ќе правите сè во ваша моќ за да му го привлечете вниманието, а тој ќе ви возвраќа со многу љубов.
Кон средината на месецот вашата врска може да биде ставена на тест – од една страна ќе сакате помирна атмосфера, но од друга ќе ви недостасува и доза авантура, па ќе бидете во недоумица.
Сепак, со искрен разговор, до крајот на февруари би требало да најдете заеднички јазик и да направите компромис за вашите желби.
Ако сте слободни
Месецов нема да брзате со одлуки и сè што ќе направите, ќе биде промислено.
Иако ќе бидете разумни, некоја личност може да ви го привлече вниманието, па поради неа да избрзате со нешто.
Крајот на месецот ќе го означи период на задоволство, но и можност да сфатите што навистина сакате.
Ако сте сингл до крајот на месецот, може да очекувате порака или повик од некоја Девица, Рак или Риби.
Близнаци
Ако сте во врска
Променливото расположение ќе дојде до израз во февруари, а со тоа и можни конфликти со партнерот.
За да ги решите, ќе треба прво да поработите на себе, да сфатите што сакате и очекувате од него.
Кон крајот на месецот ќе почнете да го анализирате и однесувањето на партнерот, а ова ќе ви помогне да ги воочите своите пропусти.
Бидете искрени, прифатете ги вашите недостатоци и би требало да го завршите февруари во хармонија со партнерот.
Ако сте слободни
Во текот на месецот ќе се вљубувате, ќе се одљубувате и нема да ви недостасуваат авантури.
Ќе мора да бидете поумерени и да размислите како вашето однесување може да влијае врз другите.
Уживајте во авантурите, но бидете искрени за вашите чувства и не давајте лажна надеж.
Кон крајот од месецот сепак можно е да се смирите, благодарение на личност која ќе ја запознаете преку работа.
Рак
Ако сте во врска
Иако месецов не би требало да се соочите со посериозни проблеми, обрнете внимание на вашите барања од партнерот.
Размислете дали можеби очекувате премногу од него и сакате да направи нешто нереално.
Ќе ја вратите хармонијата во односот ако внимателно слушате и што тој има да каже.
Земајте ја предвид неговата перспектива и ќе го зачувате мирот во врската.
Ако сте слободни
Без проблем ќе ги шармирате сите околу вас, па лесно ќе ја освоите и личноста што ви се допаѓа.
Сосема возможно е да почнете страсна врска со некој во знакот на Јарец или Риби.
Во втората половина од месецот ќе треба да одлучите што следно и можно е да се двоумите дали да ја продолжите врската.
До крајот на февруари би требало да бидете поодлучни и да знаете што сакате.
Лав
Ако сте во врска
Во текот на февруари можни се помали конфликти со партнерот, но секогаш ќе ја согледувате и неговата перспектива.
Важно е и двајцата да бидете разумни и да не дозволите импулсивното делување дополнително да го влоши проблемот.
Немојте да се навраќате на конфликтите од минатото и до крајот на месецот ќе ја вратите хармонијата во вашиот однос.
Ако сте слободни
На почетокот од месецот ќе настојувате да се изолирате, но сепак ќе постои можност да сретнете личност што ќе ви се допадне.
Некои Лавови можно е да почнат тајна врска со зафатена личност и ќе треба добро да размислат што следно.
До крајот на месецот ќе бидете поотворени и можно е да запознаете личност во знакот на Близнаци или Водолија.
На почетокот вашиот однос ќе биде платонски, но ќе постои можност да се претвори во нешто повеќе.
Девица
Ако сте во врска
Февруари ќе ви донесе промени во односот со партнерот, но не мора да значи дека се само лоши.
Страстите ќе бидат поизразени, па ако се јави некој конфликт, решавајте го сами, зад затворена врата.
Кон средината на месецот ќе ви изгледа како партнерот да ве искористува и ова ќе го засили емоционалното незадоволство.
За да ги решите дилемите, ќе треба да разговарате смирено и да се согласите на компромис за некои работи.
Ако сте слободни
Ќе треба да се потрудите за да останете оптимисти и не дозволувајте кратките, неуспешни романси да направат да престанете да верувате во љубов.
Најверојатно нема да го промените статусот во февруари, но месецов ќе ви се зголеми и желбата за слобода.
Сепак, доколку некој ви се додворува пред крајот на месецот, немојте веднаш да го одбивате – можеби вреди да ѝ дадете шанса на оваа личност.