Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка

Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаат во хармонијата со партнерот. Што ве очекува на поле љубов во септември 2024?

ljuboven-horoskop-za-septemvri-2024-vodolii-ako-ste-vo-dolga-vrska-mozhna-e-svrshuvachka-01.jpg

Септември ќе биде месец на промени за повеќето хороскопски знаци.

Некои ќе го подобрат односот со партнерот, некои ќе ги откријат тајните на саканата личност, а некои ќе треба да ги решат проблемите од минатото.

Прочитајте си го љубовниот хороскоп за септември 2024:

Овен

Ако сте во врска

Доколку сте со нов партнер, вашиот однос може да стане посериозен и да почнете да ја планирате заедничката иднина.

Ако сте во подолга врска, можно е да се соочите со искушение кое ќе има лоши последици врз односот со партнерот.

Мора да соработувате со саканата личност ако сакате да ги решите проблемите.

Ако сте слободни

Септември ќе биде полн со случувања на поле љубов.

Можно е да почнете кратка врска со познаник од работа или, пак, личност која ќе ја запознаете на некое патување.

Ако сте подготвени за нешто посериозно, кон крајот на месецот среќата ќе ви се насмевне.

Бик

Ако сте во врска

Доколку веќе имате проблем во врската или бракот, во септември ќе стане поизразен.

Па, во првата половина главниот фокус треба да ви биде наоѓањето решение.

Сепак, дури и ако го решите проблемот, можно е да се јават нови недоразбирања до крајот на месецот, па бидете внимателни.

Ако сте сингл

Ако сте подготвени за сериозна врска, ќе треба да размислите што очекувате од потенцијалниот партнер, но и што би можеле да му дадете вие.

Можно е да си создадете проблем ако почнете да се гледате со некој кој е зафатен, па бидете внимателни.

Месецов во очекуваат неколку познанства со потенцијални партнери, главно преку заеднички пријатели.

Близнаци

Ако сте во врска

Генерално, нема да се соочите со проблеми овој месец и односот со партнерот ќе биде хармоничен.

Во втората половина на септември нештата ќе бидат уште подобри, а можете да очекувате и пријатно изненадување од партнерот.

Сепак, најдобро е да ги избегнувате важните одлуки бидејќи и двајцата нема да размислувате многу реалистично.

Ако сте сингл

Во првата половина од месецот можно е да почне да ве привлекува познаник од работа.

Интересот ќе биде обостран и ќе флертувате, но набрзо ќе се откажете од намерата за врска.

Доколку сакате сериозна врска, немојте да бидете наивни и не излегувајте со кого било само затоа што не сакате да бидете сами.

Сепак, кон крајот на месецот можно е да запознаете интересна личност.

Рак

Ако сте во врска

Првата половина од месецот ќе биде особено важна бидејќи ќе имате можност да ги решите недоразбирањата.

Но, проблемите можат да продолжат и до крајот на месецот, особено ако меѓу вас и партнерот има тајни.

Бидете искрени и отворени и ќе успеете да најдете заеднички јазик.

Ако сте сингл

Месецов нема да ви недостасуваат додворувачи, но сепак ќе ви биде тешко да најдете соодветен партнер.

Можна е некоја кратка авантура, но ќе се откажете од желбата за врска поради комплицираниот однос.

Кон крајот на месецот можно е да почнете да се гледате со личност која има потенцијал за сериозна врска.

Лав

Ако сте во врска

Со партнерот ќе треба да се фокусирате на проблемите кои ги избегнувате веќе некое време.

Крајниот исход ќе зависи од вас, па внимателно избирајте ги зборовите.

Во втората половина од месецот на виделина може да излезе некоја тајна – или ваша или на партнерот – која ќе го разниша односот. Но, со искрен разговор, ќе најдете заеднички јазик.

Ако сте сингл

Првата половина од месецот ќе биде мошне бурна, а и ќе си ја задоволите потребата за романса.

Сепак, доколку сакате сериозна врска, нема да забележите некој успех ако не промените нешто кај себе.

Во втората половина од месецот немојте да се изолирате бидејќи поголеми се шансите да ја сретнете вашата сродна душа.

Девица

Ако сте во врска

На почетокот од месецот односот со партнерот ќе биде напнат.

Проблемите ќе продолжат во текот на целиот септември ако не преземете нешто.

Внимавајте на вашето однесување и не флертувајте со други за да ги избегнете дополнителните проблеми.

Ако сте сингл

Можно е да почнете тајна врска со личност која е зафатена. Веројатно ќе се вљубите, иако знаете дека на крај постои можност да бидете повредени.

До крајот на месецот ќе ставите крај на аферата, а набрзо потоа ќе имате шанса за нова љубов.

Овој пат веројатно ќе го направите вистинскиот избор.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Колку „вистински“ љубови ќе имате во животот, според хороскопскиот знак? Близнаци - По природа се љубопитни и авантуристи и без разлика дали се во врска ...
По најдолгиот ден во годината, следува полна Месечина – Како ќе влијае врз хороскопските знаци? Девица – Ако сте сингл, ќе имате можност да ја најдете вистинската личност за ва...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg