Љубовен хороскоп за февруари 2025: Бикови – хармоничен однос со партнерот, Лавови – врска со зафатена личност
Вага
Ако сте во врска
Месецов главен фокус ќе ви бидат заедничките планови со партнерот и односот меѓу вас ќе биде мошне добар.
Бидете искрени за вашите чувства и намери и дозволете му на партнерот да ги задоволи вашите потреби.
Немојте да ја криете вашата љубов и минувајте повеќе време во друштво на пријатели и блиски членови на семејството.
Ако сте слободни
Нема да ви недостасуваат дружби кои, пак, ќе ви дадат можност да запознаете неколку интересни личности.
Сепак, нема да бидете заинтересирани за емотивна врска и дружбите со потенцијалните интимни партнери ќе бидат површни.
Постојано ќе барате изговор да не продолжите да се гледате со некоја личност.
Сепак, кон крајот на месецот можно е да се роди љубов, и тоа со личност која ја сметате за добар пријател.
Скорпија
Ако сте во врска
Можно е да се дистанцирате од партнерот, но ова ќе биде мала, минлива криза која не би требало многу да ве загрижува.
На почетокот од месецот ќе ви биде тешко да најдете заеднички јазик и ќе ви се чини дека што и да правите, ништо не вродува со труд.
Во овие мигови можеби ќе треба да ги послушате советите на саканите.
Со партнерот, пак, бидете трпеливи бидејќи до крајот на месецот ќе најдете решение и ќе се зближите.
Ако сте слободни
Во текот на февруари во очекуваат бројни нови познанства, како и романтични средби.
Личност родена во знакот на Бик или Риби може да ви ја покаже својата наклонетост и намерата да почне сериозна врска со вас.
На почетокот нема да бидете сигурни што вие сакате, но до крајот на месецот би требало да одлучите дали ќе почнете врска со оваа личност или сепак ќе биде само кратка авантура.
Стрелец
Ако сте во врска
Ќе го дадете најдоброто од себе да заборавите некоја непријатна ситуација со партнерот, но нема да бидете сигурни што да правите следно.
Во мигот кога ќе мислите дека сте дошле до решение, ќе се случи нешто што ќе ви создаде нови дилеми.
Ќе ви се чини како партнерот да не ви покажува разбирање, па можеби ќе треба да се консултирате со некоја блиска личност.
Сепак, и покрај проблемите, ни вие ни партнерот нема да се откажете и со малку труд би требало да го завршите месецот во хармоничен однос.
Ако сте слободни
Февруари може да ви донесе нова љубов, но бидете внимателни бидејќи ќе настојувате да ја идеализирате оваа личност.
Повремено ќе се чувствуваат несигурно, но во текот на месецот ќе имате можност да си остварите и некоја љубовна желба.
Доколку почнете сериозна врска, не дозволувајте другите да се мешаат и сами донесувајте ги важните одлуки.
Јарец
Ако сте во врска
Нешто може да создаде раздор помеѓу вас и партнерот, па на почетокот од месецот ќе треба да бидете потрпеливи.
Имате визија за што да правите следно и како да им пристапите на проблемите, но ќе ви се чини дека немате сила за разочарување од партнерот.
И вие и партнерот ќе треба да размислувате порационално ако очекувате да најдете решение за конфликтот.
Ако сте во долга врска, не заборавајте дека досега сте поминале низ многу кризи, па можете да ја преживеете и оваа.
Ако сте слободни
Ќе чувствувате несигурност, особено ако почнете врска со личност која не ја познавате многу добро.
Сепак, врската може да прерасне во интересна романса, па немојте да се откажувате уште веднаш.
До крајот на месецот ќе знаете дали сакате да продолжите со оваа личност, а најверојатно ќе си исполните и некоја голема желба.
Водолија
Ако сте во врска
Во текот на целиот месец можни се мали конфликти со партнерот.
Но, ако се фокусирате на решавање на проблемите, не би требало да ескалираат во нешто сериозно.
Отворено кажете што ви лежи на душа и покажете му на партнерот дека сте тим.
До крајот на месецот ситуацијата ќе биде многу подобра, па ќе почнете да разговарате со партнерот и за некоја важна животна одлука, како брак, деца и слично.
Ако сте слободни
На почетокот од месецот ќе чувствувате немир, а ова ќе ви ја зголеми потребата за интимна близина со некого.
Ќе имате многу можности за познанства, но некако ќе се двоумите и ќе ви биде тешко да ѝ пријдете на некоја личност.
Сепак, месецот нема да биде така лош и веќе во втората половина, ќе забележите позитивни промени.
Неочекувана порака или повик ќе ви ја врати самодовербата, а сосема возможно е да го запознаете идниот партнер преку заеднички пријател.
Риби
Ако сте во врска
Доколку во јануари се соочувате со проблеми со партнерот, сега, во февруари, конечно ќе им најдете решение и ќе ги оставите зад вас.
Нема да дозволите ништо да ја наруши хармонијата во врската и вистински ќе се трудите да го задржите добриот однос.
Складниот период ќе ви даде можност да разговарате и за поважни заеднички прашања, како брак, деца, купување дом…
Ако сте слободни
Ве очекува месец полн со случувања на поле љубов.
Уште на почетокот од февруари можно е познанство со личност која брзо ќе ве освои со својот шарм.
Нема да чекате долго пред да почнете врска и уште на почетокот и двајцата ќе си дадете до знаење дека сте подготвени за нешто сериозно.
Доколку врската опстане до крајот на месецот, сосема возможно е да прерасне во нешто навистина големо.
Спирова С. | Црнобело