„Нашата мајка кралица наполни 80 години“ - Лила објави ретка фотографија со мајка ѝ и брат ѝ
- Детали
- понеделник, 27 јануари 2025
„За сè што нè научи, за сите совети, тони несебична љубов, за сите сочувани тајни, што беше нашиот панцир… два живота да живееме не можеме да ти се оддолжиме, иако никогаш не го бараше тоа од нас“, напиша Лила во емотивната роденденска порака до мајка ѝ.
Лила Филиповска со години својот приватен живот го чува далеку од очите на јавноста и скоро никогаш не објавува фотографии на кои е нејзиното семејство.
Но, синоќа (26.01) таа направи исклучок, бидејќи нејзината мајка го прослави 80-тиот роденден.
Во домашна атмосфера, мајката на Лила ги дувна свеќичките на тортата украсена со рози.
А, освен водителката и нејзиниот син Филип, на домашната роденденска прослава беше и братот на Лила со своето семејство.
Во емотивната порака што Лила ја напиша на Инстаграм, таа откри дека нејзината сестра им се јавила од Шведска, па целото семејство било заедно за големиот јубилеј на мајка им.
„Нашата мајка кралица денес полни 80 години.
И нема доволно зборови со кои би можеле да ја изразиме нашата бескрајна љубов и благодарност што токму таа е нашата мајка.
За сè што нè научи, за сите совети, тони несебична љубов, за сите сочувани тајни, што беше нашиот панцир… два живота да живееме не можеме да ти се оддолжиме… иако никогаш не го бараше тоа од нас.
Ти фалеше твојата Маце ама ја вклучивмe на Вибер, па бевме комплетни. Те сакаме мама и да ни живееш уште доооолго дооолго“ - напиша Лила во пораката.
Водителката и инфлуенсерка многу ретко зборува за семејството, но понекогаш знае да се сети на детството во Шведска, каде што е родена, а и да каже колку многу ѝ недостига нејзиниот починат татко.
Па така, во чест на родедненот на мајка ѝ, таа сподели и две фотографии од нејзините родители на Инстаграм Стори.
А. Ј. | Црнобело