Kристина Димитри си истетовира 'нож во грб', Ирина Камилоска на Водно 10 дена по породување: Што прават нашите ѕвезди деновиве?
- Детали
- понеделник, 27 јануари 2025
Елена Најдоски со сопругот - холивудски гламурозна на свадба, Нина Јанева го покажа лицето на ќеркичката, Аделина Тахири во Christian Dior аутфит со сопругот на зимување, a Tања Кочовска го прослави 58-иот роденден и објави хит фотка.
Тамара Тодевска со партнерот Лука и децата беше на зимување во Маврово, а на ист начин се забавуваа и Сара Мејс и Димитар Атанасовски со децата на Копаоник.
Сара по зимувањето напиша:
„Со овие човеци до крај на свет, назад… и пак на зимување.
До душа, овој одмор беше малку „Илина и пријателите“, ама ако, за арно е.
Како сенка си ја следевме. Она си бордаше, ние си ја бодревме, она на анимација, ние пак бодри ја, она на детски базени, ајде сите на детски базени.
Ама па девојчето си наполни батерии, сега второ полугодие ја чека да грми, нема лабаво.
Шега на страна, презабавни луѓе се овие моиве. Браво бе Универзуме, дури и најмалово театарче лево ќоше ми го пушти да ми биде!
Многу забава секаде со овие Атанасовци“.