Ирина Камилоска го откри полот на бебето, синот Јосиф ќе добие сестричка

„Едни велат ако мајката носи девојче, се разубавува, а други дека девојчињата ја 'крадат' убавината од мајката“, кажа Ирина и ги праша следбениците на Инстаграм што мислат тие, дали е бремена со момче или девојче.

irina-kamiloska-go-otkri-polot-na-bebeto-sinot-josif-kje-dobie-sestrichka-01_1.jpg

Планинарката Ирина Камилоска и пејачот Павле Камилоски наскоро ќе станат родители на девојче.

Ирина преку Инстаграм Сторис овој пат откри дека чека женско бебе.

irina-kamiloska-go-otkri-polot-na-bebeto-sinot-josif-kje-dobie-sestrichka-02.jpg

„Девојче е“, напиша таа.

Ирина, исто така преку Инстаграм, неодамна го покажа трудничкото стомаче и тогаш потврди дека е бремена со второто дете.

Но, додека денеска се искачуваше на Водно, во петтиот месец од бременоста, таа ги праша своите следбеници што мислат, дали бебето што го носи е женско или машко.

„Поделени мислења. Едни велат ако мајката носи девојче, се разубавува, а други дека девојчињата ја 'крадат' убавината од мајката“, кажа Ирина.

Таа, потоа им остави можност на оние што ја следат на Инстаграм да гласаат за тоа дали бебето е машко или женско.

irina-kamiloska-go-otkri-polot-na-bebeto-02.jpg

Инаку, Ирина и овој пат е активна трудница, исто како и пред раѓањето на првото дете. Неодамна со Павле се качијна врвот Меденица, кој е на 2.163m надморска висина, и тоа го направи во 4-тиот месец од бременоста.

За потсетување, Ирина и Павле во јуни 2023 станаа родители на синот Јосиф, а кој наскоро ќе стане постаро братче на девојчето.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Каков татко - таков син: Ирина Камилоска сподели слатки фотки од сопругот и малиот Јосиф Ирина често споделува фотографии од Павле и Јосиф, но и видеа на кои открива дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg