Ирина Камилоска во четврти месец од бременоста се искачи на врвот Меденица: „И Павле си легна на брашното“

Меденица, 2.163 метри. Само една недела откако објави дека е бремена, нашата планинарка Ирина Камилоска го искачи највисокиот врв на планината Бистра, а друштво ѝ правеше сопругот.

irina-disho-vo-chetvrti-mesec-od-bremenosta-se-iskachi-na-vrvot-medenica-i-pavle-si-legna-na-brashnoto-01.jpg

Нашата планинарка Ирина Камилоска пред само една недела објави дека е бремена со второто дете, а слично како и во првата бременост, покажа дека планира и овој пат да биде активна и да не се откажува од планинарењето и освојувањето врвови.

Таа на Инстаграм објави неколку фотографии и кратко видео, во кое покажа дека со сопругот Павле Камилоски во текот на изминатите денови го искачиле највисокиот врв на планината Бистра, Меденица.

„2.163 метри... Тука е и Павле, и тој си легна на брашното. Преубаво му е“ – вели Ирина во краткото видео што го објави на Инстаграм Стори, а од кое накратко се гледа преубавата глетка од врвот што повторно го освоила.

irina-disho-vo-chetvrti-mesec-od-bremenosta-se-iskachi-na-vrvot-medenica-i-pavle-si-legna-na-brashnoto-02.jpg

Во Инстаграм објавата, таа откри дека во моментов е во 17-та недела од бременоста, или во четврти месец, но очигледно тоа не ја спречува да води активен живот и да ги искачува планините.

irina-disho-vo-chetvrti-mesec-od-bremenosta-se-iskachi-na-vrvot-medenica-i-pavle-si-legna-na-brashnoto-03.jpg

Инаку, Ирина на 16-ти јули објави дека е бремена по вторпат и дека со Павле очекуваат принова во семејството.

Тие двајца во јуни мината година го добија синот Јосиф, а Ирина во ексклузивно интервју за CRNOBELO.com откри дека се породила мошне лесно во Државна болница.

irina-disho-vo-chetvrti-mesec-od-bremenosta-se-iskachi-na-vrvot-medenica-i-pavle-si-legna-na-brashnoto-04.jpg

Познато е дека таа имаше мошне активна бременост со првото дете, а ако може да се процени од нејзините последни објави, така ќе биде и овој пат.

Прочитајте и Ирина Дишовска за мајчинството: „Се породив лесно во Државна болница, го искачив Водно 2 дена претходно, не ми се појавија стрии“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ирина и Павле Камилоски добија ќерка, една и пол година по раѓањето на синот Ирина се породи денес на Државната клиника во Скопје, а ќерката ја роди во 42-та...
Ирина Камилоска во 42-ра недела од бременоста се качува на Водно: „Ако добијам болки ќе му се јавам ... „Со Јосиф имав природно породување, се надевам дека ќе биде исто и сега. Пр...
Павле Камилоски, Никола Ристановски: Кои Македонци би можеле да го глумат Џејмс Бонд? Направивме листа од 7 наши мажи од различни области (не само актери) за кои веру...
Кристина Димитри го остави дечкото чиј идентитет го криеше: „Со песна ќе ја затвориме оваа голема љу... „Бидејќи ве информирав за мојата љубов, сега добивам милион пораки за истата. Вр...
Ирина Камилоска го откри полот на бебето, синот Јосиф ќе добие сестричка „Едни велат ако мајката носи девојче, се разубавува, а други дека девојчињата ја...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg