Ирина Камилоска објави прва фотка од ќерката, една недела по породувањето
- Детали
- вторник, 21 јануари 2025
„Мајка на 2 деца помали од 2 години“, напиша планинарката, која на 13 јануари ја роди ќерката Лена.
Планинарката Ирина Камилоска, која се породи минатиот понеделник (13.01), објави прва фотографија од ќерката Лена.
На фотката, споделена на Инстаграм Стори, Ирина во прегратка го држи бебето кое спие, а истовремено го гали и со многу љубов гледа во синот Јосиф.
„Мајка на 2 деца помали од 2 години“, напиша таа.
Ирина се породи во 42-та недела од бременоста, на Клиниката за гинекологија во државна болница.
Таа на ГАК се породи и со синот.
Исто како и со првата бременост, кога беше физички активна и се качуваше на Водно до пред породувањето, така и овој пат, Ирина го искачи Водно со сопругот на само еден ден пред да ја роди ќеркичката.
Прочитајте и Ирина и Павле Камилоски добија ќерка, една и пол година по раѓањето на синот
А. Ј. | Црнобело