Маринела и Борче живеат во Цирих, а тој ја запроси на јахта во Дубаи - на место со спектакуларен поглед

„Нашата приказна започна многу неочекувано, но веднаш знаевме дека сме родени еден за друг“, вели Маринела Васевска, архитект, која со саканиот Борче Соколов живее во Швајцарија. Тој ја запроси по само неколку месеци врска.

marinela-i-borche-zhiveat-vo-cirih-a-toj-ja-zaprosi-na-jahta-vo-dubai-scena-so-spektakularen-pogled-foto-01.jpg

Маринела Васевска, архитект, со саканиот Борче Соколов живее во Цирих, Швајцарија, а вели дека се заедно веќе неколку месеци.

„Нашата приказна започна многу ненадејно и неочекувано, но од самиот почеток знаевме дека сме родени еден за друг. Нашата љубов е исполнета со искрена поврзаност, разбирање и длабока почит“, вели Маринела.

marinela-i-borche-zhiveat-vo-cirih-a-toj-ja-zaprosi-na-jahta-vo-dubai-scena-so-spektakularen-pogled-foto-05.jpeg

Таа за CRNOBELO.com споделува детали:

„Запросувањето беше еден од најубавите моменти во мојот живот. Тоа беше совршен ден кој ја потврди нашата љубов и желбата да го поминеме животот заедно.

Секогаш знаев дека Борче е личноста со која сакам да ја градам мојата иднина, но начинот на кој го организираше овој момент покажа колку многу ме познава и колку му значам.

Запросувањето се случи преку ден, на луксузна јахта, со магичната позадина на хотелот Атлантис во Дубаи.

marinela-i-borche-zhiveat-vo-cirih-a-toj-ja-zaprosi-na-jahta-vo-dubai-scena-so-spektakularen-pogled-foto-10.jpeg

Борче се потрудил до најситен детаљ за сè да биде совршено. Дури успеал да го убеди капетанот на јахтата да дојде од Абу Даби до Дубаи, само за да го оствари ова изненадување.

marinela-i-borche-zhiveat-vo-cirih-a-toj-ja-zaprosi-na-jahta-vo-dubai-scena-so-spektakularen-pogled-foto-06.jpeg

Атмосферата беше неверојатна – сончев ден, прекрасен поглед на хоризонтот и хотелот Атлантис кој ја надополнуваше целата романтика.

marinela-i-borche-zhiveat-vo-cirih-a-toj-ja-zaprosi-na-jahta-vo-dubai-scena-so-spektakularen-pogled-foto-02.jpeg

За да го зачува споменот од овој прекрасен момент, на јахтата имаше и професионални фотографи кои ги документираа сите детали.

Во тој момент, тој клекна на колено и ми ги изговори најубавите зборови. Беше толку искрен и полн со љубов, што ме остави без зборови.

marinela-i-borche-zhiveat-vo-cirih-a-toj-ja-zaprosi-na-jahta-vo-dubai-scena-so-spektakularen-pogled-foto-04.jpeg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сара Мејс и Димитар на летување во Египет со Лазаров и Марта - мажите го учат Кирил да пие пиво (фот... „Кога ќе го оставиш детето на мажите“, напиша Лазаров и покажа како му дава на с...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Битолчанецот Константин ја запроси Ирена на 125-тиот кат од Бурџ Халифа во Дубаи (фото) „Патувањето во Дубаи ни беше планирано за почетокот на декември, за да го просла...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg