Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Битолчанецот Константин ја запроси Ирена на 125-тиот кат од Бурџ Халифа во Дубаи (фото)

„Патувањето во Дубаи ни беше планирано за почетокот на декември, за да го прославиме роденденот на Константин на 1-ви декември токму таму“, вели Ирена Мицевска од Битола за CRNOBELO.com и открива детали за запросувањето.

konstantin-ja-zaprosi-irena-na-125-tiot-kat-od-burdj-halifa-vo-dubai-foto-001.jpg

Ирена Мицевска од Битола е дипломиран моден дизајнер и иден магистер по економски науки, а Константин Палигора магистер по оперативен менаџмент.

Парот кој периодов е на одмор во Дубаи, за CRNOBELO.com вели: „Едно е сигурно - дека не планираме да ја бараме среќата во странство. Остануваме во нашата Македонија“.

Битолчанецот Константин ја запроси Ирена Мицевска на 125-тиот кат од Бурџ Халифа, по 4 години љубовна врска.

Ирена за CRNOBELO.com открива детали за запросувањето:

„Патувањето во Дубаи ни беше планирано уште од летото кога бевме во Грција.

konstantin-ja-zaprosi-irena-na-125-tiot-kat-od-burdj-halifa-vo-dubai-foto-06.jpeg

Бидејќи во лето е многу жешко во Дубаи, се одлучивме да одиме на почетокот на декември, односно да го прославиме роденденот на Константин на 1-ви декември токму во Дубаи. И така се случи.

Во Дубаи сме од 25 ноември и уживаме во сјајот на оваа извонредна туристичка атракција на 33 степени Целзиусови.

konstantin-ja-zaprosi-irena-na-125-tiot-kat-od-burdj-halifa-vo-dubai-foto-03.jpeg

На 1-ви декември отидовме на престижната Бурџ Халифа. Се качивме на 125-тиот кат од каде имавме извонредна глетка. Дубаи ни беше како на дланка.

konstantin-ja-zaprosi-irena-na-125-tiot-kat-od-burdj-halifa-vo-dubai-foto-02.jpeg

Константин ме стегна силно за рака и ми ги посочуваше врвовите на другите кули наоколу, врвови кои како да допираа до небото и асоцираа на престиж, на успех.

konstantin-ja-zaprosi-irena-na-125-tiot-kat-od-burdj-halifa-vo-dubai-foto-08.jpeg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Се слави Свети Константин и Елена: Обичаи и верувања поврзани за празникот Водата од еден извор во Македонија се смета дека е најлековита на овој ден, а го...
Ирина Камилоска: „Се породив природно на ГАК, качив 15kg во втората бременост - не е лесно со две де... „Јосиф го родив побрзо од Лена. Иако перијакално свртен, на бокс раѓањето траеше...
Елена Ристеска си ја отвори душата 8 години по смртта на татко ѝ: „Секој ден, сè повеќе ми фалиш“ „Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото ...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Христина Пан по 2 месеца поминати во болница со ќеркичката во Турција: „Се молам најлошото да е зад ... „Повеќе од 2 месеца со Тара ги немавме видено најблиските. Се гледавме цело врем...
Сара Мејс и Димитар на летување во Египет со Лазаров и Марта - мажите го учат Кирил да пие пиво (фот... „Кога ќе го оставиш детето на мажите“, напиша Лазаров и покажа како му дава на с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg