Христина Пан по 2 месеца поминати во болница со ќеркичката во Турција: „Се молам најлошото да е зад нас“

„Повеќе од 2 месеца со Тара ги немавме видено најблиските. Се гледавме цело време на камера, но нема зборови за да се опише таа болка што не можевме да се прегрнеме. Тара цело време сакаше да ја гледа сестрата близначка, а јас се молев да не сфати колку ѝ е далеку“, вели Христина Младенов за CRNOBELO.com, откако со ќерката се врати од лекување во Турција.

hristina-pan-po-2-meseca-pominati-vo-bolnica-so-kjerkichkata-vo-turcija-se-molam-najloshoto-da-e-zad-nas-01_copy.jpg

Христина Младенов, на Инстаграм позната како @hristinapan, во јули 2022 стана мајка на близначки, по неколкугодишната борба со неплодност.

Но, пред нејзините ќерки Тара и Хана да наполнат една година, семејството дозна дека едното од бебињата е болно, по што почна да прима хемотерапија.

Лекувањето го почнаа во Скопје, па во Љубљана, а неодамна беа и во Истанбул, каде што Христина со ќерката Тара (која наскоро ќе наполни 2 години) помина малку повеќе од два месеца.

hristina-pan-po-2-meseca-pominati-vo-bolnica-so-kjerkichkata-vo-turcija-se-molam-najloshoto-da-e-zad-nas-09.jpg

Откако се вратија, Христина преку Инстаграм откри дека нејзината мала хероина победила уште една претешка битка.

Сега, за CRNOBELO.com мајката на двете прекрасни близначки, ни раскажа за дијагнозата на нејзината ќерка, но и за голготата низ која поминува целото семејство, особено во времето кога таа и Тара биле во Турција, а сопругот Петар тука се грижел за Хана.

hristina-pan-po-2-meseca-pominati-vo-bolnica-so-kjerkichkata-vo-turcija-se-molam-najloshoto-da-e-zad-nas-12.jpg

Таа се надева дека најлошото е зад нив, а нивната борба наскоро ќе заврши и веќе нема да се повтори:

„Пред скоро една година почна нашата голгота околу болеста на Тара - три месеци испитувања, компјутери, магнети, биопсии, додека се воспостави вистинската дијагноза, а тоа е Neuroblastoma Metastaticum.

Следеше хоспитализација од 3 месеци, поради хемотерапии со високи дози на Детската клиника тука во Скопје, на одделот за онкологија.

Потоа имавме MIBG скен во Љубљана, кој покажа доста добар одговор на хемотерапијата, но за жал и уште голем пат во процесот на лекување.

hristina-pan-po-2-meseca-pominati-vo-bolnica-so-kjerkichkata-vo-turcija-se-molam-najloshoto-da-e-zad-nas-05.jpg

По ова следеше оперативен зафат на Клиниката за детска хирургија, кој помина успешно, но и после тоа, според протоколот, Тара мораше да има уште една високодозна хемотерапија и автологна трансплантација на матични клетки.

Поради ова заминавме во Истанбул, зашто кај нас, за толку мали деца, тој третман не е достапен.

Самиот процес беше претежок, комплетен рестарт на целиот организам и многу тешко опоравување.

Уште потешко е што целиот тој процес е во комплетна изолација, нема излегување од соба, нема посети, зашто ризикот беше преголем.

hristina-pan-po-2-meseca-pominati-vo-bolnica-so-kjerkichkata-vo-turcija-se-molam-najloshoto-da-e-zad-nas-07.jpg

Јас од кај нас тргнав многу позитивно и оптимистички како и за сѐ друго. Но, таму сфатив колку нема да е лесно. Уште потешко ми беше кога сфатив дека не доаѓа предвид Хана да дојде во Турција, па татко ѝ мораше да биде со неа.

Малку повеќе од два месеца јас и Тара немавме видено никој од најблиските, иако за сѐ ми беа ветер во грб, посебно сопругот Петар.

Иако разделени, тој не дозволи да паднам во ниеден момент.

hristina-pan-po-2-meseca-pominati-vo-bolnica-so-kjerkichkata-vo-turcija-se-molam-najloshoto-da-e-zad-nas-04.jpg

Хана и Тара навистина се сè уште мали и многу работи не разбираат, но многу работи и разбираат.

Се гледавме цело време на камера, но нема зборови за да се опише таа болка и тоа што не можевме да се прегрнеме.

Цело време ми праќаа видеа и слики од Хана, а Тара цело време сакаше да ја гледа и се молев да не сфати колку ѝ е далеку.

hristina-pan-po-2-meseca-pominati-vo-bolnica-so-kjerkichkata-vo-turcija-se-molam-najloshoto-da-e-zad-nas-02.jpg

Веќе неколку дена сме дома и остануваме тука за Тара да одмори и да закрепне.

А потоа ни останува радиотерапија во Истанбул и имунотерапија која што ќе ја прима тука на Детската клиника.

Се молам и надевам дека најтешкото помина.

hristina-pan-po-2-meseca-pominati-vo-bolnica-so-kjerkichkata-vo-turcija-se-molam-najloshoto-da-e-zad-nas-10.jpg

На крај, сакам да се заблагодарам на цел медицински тим што се грижи за Тара, на најдобриот медицински персонал од хемато-онколошкиот оддел кај нас на Детската клиника и на цел тим од болницата во Истанбул за целата грижа и поддршка што ми ја даваа таму“.

hristina-pan-po-2-meseca-pominati-vo-bolnica-so-kjerkichkata-vo-turcija-se-molam-najloshoto-da-e-zad-nas-11.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Христина Пан за ќеркичката (2) што се бори со рак: „Ме прашуваа зошто Тара нема коса, ѝ се смееја во... „Кога ме прашуваа зошто Тара нема коса или ѝ се смееле во парк или родител ќе ја...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Христина Пан за 35-тиот роденден се забавува со ќеркичките, откако едната извојува нова битка во лек... Нашата инфлуенсерка Христина Пан објави емотивно видео со двете ќерки близначки ...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg