Христина Пан по третманот на ќерка ѝ (2) во Турција: „Хероинава победи уште една претешка битка“

„Уште една голема и претешка битка победивме, победи хероинава, мала, а најголема! Имаме уште малку за војување, ама сѐ што треба да знаете е дека Тара е добра, фала му на Господ“, напиша на Инстаграм Христина Пан, која лани откри дека една од нејзините ќерки близначки е болна и прима терапија.

hristina-pan-po-hemoterapijata-na-kjerka-si-2-vo-turcija-heroinava-pobedi-ushte-edna-preteshka-bitka-01.jpg

Христина Младенов, која на Инстаграм е позната како @hristinapan, по неколкугодишната борба со неплодност, во јули 2022 стана мајка на близначки.

Но, пред нејзините ќерки Тара и Хана да наполнат една година, таа во јавноста откри дека едното од бебињата е болно и почнало да прима хемотерапија.

Христина со ќерката Тара (која наскоро ќе наполни 2 години) прво помина неколку месеци во болница во Скопје, каде што ја примија првата хемотерапија, а потоа беа и во Словенија во ноември 2023.

Тие сега се вратија и од Турција, каде што поминаа повеќе од два месеца, а каде што малата хероина беше на лекување.

hristina-pan-po-hemoterapijata-na-kjerka-si-2-vo-turcija-heroinava-pobedi-ushte-edna-preteshka-bitka-05.jpg

Христина преку Инстаграм откри дека се конечно дома и дека извојувале уште една голема битка.

Таа објави неколку фотографии од аеродромот во Скопје, каде што ги пречекале со цвеќе и балони за добредојде.

„Видете кој си дојде дома денес. Уште една голема и претешка битка победивме, победи хероинава, мала, а најголема!

Имаме уште малку за војување, ама сѐ што треба да знаете е дека Тара е добра, фала му на Господ. Фала на цел медицински персонал од болницата“, напиша таа меѓудругото.

hristina-pan-po-hemoterapijata-na-kjerka-si-2-vo-turcija-heroinava-pobedi-ushte-edna-preteshka-bitka-03.jpg

Нејзините следбеници по објавата им дадоа поддршка на мајката и ќерката.

„Со душа ги чекавме овие убави вести“, „Лошото нека остане минато“, „Браво за малата хероина“, се дел од нивните коментари.

hristina-pan-po-hemoterapijata-na-kjerka-si-2-vo-turcija-heroinava-pobedi-ushte-edna-preteshka-bitka-02.jpg

Пред да заминат на лекување во Турција, Христина преку Инстаграм Стори одговараше на прашања поврзани со болеста на нејзината ќерка, па нагласи дека Тара нема леукемија.

„Тара има Neuroblastoma Metastasticum, за жал малигна болест која не ја откривме на време поради тоа што симптомите се појавија подоцна. Ваквите малигни болести се подмолни и тешко се откриваат навреме.

Тара имаше само 10 месеци кога почна агонијата. Неполн месец пред првиот роденден имавме конечна дијагноза и почна со хемотерапија. Не се работи за леукемија“, напиша таа. 

hristina-pan-po-tretmanot-na-kjerka-i-2-vo-turcija-heroinava-pobedi-ushte-edna-preteshka-bitka.jpg

Пред да ги добијат близначките, Христина и нејзиниот сопруг две години се обидувале да добијат дете, а за тоа таа раскажа во интервју за CRNOBELO.com.

hristina-pan-po-hemoterapijata-na-kjerka-si-2-vo-turcija-heroinava-pobedi-ushte-edna-preteshka-bitka-04.jpg

Поттикнати од пораката на новата иницијатива на Македонски Телеком „Да направиме место за вистински да се поврземе“, којашто поттикнува отвореност и меѓусебно разбирање, за што говореше и Горан Стефановски, редакцијата на CRNOBELO.com ќе направи повеќе место за добри вести и приказни кои инспирираат.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Инстаграм профилот на Ана од Охрид е како сцена од есенска бајка (фото) „Есента ми е омилена најмногу заради природата, нејзините бои, мирисот на цимет,...
Христина Пан за ќеркичката (2) што се бори со рак: „Ме прашуваа зошто Тара нема коса, ѝ се смееја во... „Кога ме прашуваа зошто Тара нема коса или ѝ се смееле во парк или родител ќе ја...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Христина Пан за 35-тиот роденден се забавува со ќеркичките, откако едната извојува нова битка во лек... Нашата инфлуенсерка Христина Пан објави емотивно видео со двете ќерки близначки ...
Христина Пан по 2 месеца поминати во болница со ќеркичката во Турција: „Се молам најлошото да е зад ... „Повеќе од 2 месеца со Тара ги немавме видено најблиските. Се гледавме цело врем...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg