Христина Пан за тешката битка и хемотерапијата на ќерка си (1): „По 3 тешки месеци, излеговме од болница на кратко“

„По 3 тешки месеци, излеговме од болница. Нашата борба не е завршена, ама до мене ја имам најхрабрата девојка и не се сомневам во неа, а уште помалку во Господ“, напиша на Инстаграм Христина Пан, која пред извесен период откри дека една од нејзините ќерки близначки е болна и прима хемотерапија.

hristina-pan-po-borbata-so-neplodnost-se-soochi-so-bolest-na-kjerkata-1-po-teshki-3-meseci-izlegovme-od-bolnica-no-borbata-ne-e-zavrshena-01.jpg

Христина Младенов, која на Инстаграм е позната како @hristinapan, по неколкугодишната борба со неплодност, во јули 2022 стана мајка на близначки.

Но, брзо пред нејзините ќерки Тара и Хана да наполнат една година, таа во јавноста откри дека едното од бебињата е болно и почнало да прима хемотерапија.

hristina-pan-po-borbata-so-neplodnost-se-soochi-so-bolest-na-kjerkata-1-po-teshki-3-meseci-izlegovme-od-bolnica-no-borbata-ne-e-zavrshena-04.jpg

Три месеци подоцна, со емотивна објава на Инстаграм, Христина откри дека таа и ќерката Тара конечно излегле од болница на неколку дена.

Иако нивната борба не е завршена, таа сега ќе се обиде да го надокнади и загубеното време со Хана, која последниве месеци растела без сестричката близначка и без мајка си.

hristina-pan-po-borbata-so-neplodnost-se-soochi-so-bolest-na-kjerkata-1-po-teshki-3-meseci-izlegovme-od-bolnica-no-borbata-ne-e-zavrshena-03.jpg

„После 3 тешки месеци, излеговме од болница. Нашата борба не е завршена, ама јас до мене ја имам најхрабрата девојка и не се сомневам во неа, а уште помалку во Господ.

Имаме неколку дена пауза, ќе ги искористиме на максимум со Хана и колку што можам да им надокнадам за изгубеното време“, напиша Христина.

Таа се заблагодари и на сите што им давале поддршка во најтешките денови.

„Чекавме вакви убави вести од вас“,

„Сонце мало, Господ е со вас, сите сме со вас“,

„Тара е борец најголем и ќе биде победник во оваа борба“,

„Браво, храбри девојки“, „Херој дете, херој мајка, да расте безгрижно“, се дел од пораките што ги доби Христина на Инстаграм.

hristina-pan-po-borbata-so-neplodnost-se-soochi-so-bolest-na-kjerkata-1-po-teshki-3-meseci-izlegovme-od-bolnica-no-borbata-ne-e-zavrshena-02.jpg

Пред да ги добијат близначките, Христина и нејзиниот сопруг две години се обидувале да добијат дете, а за тоа таа говореше во интервју за CRNOBELO.com.

Прочитајте и Христина Младенов: „Во борбата со неплодност душевната болка е неподнослива, но денес ги имам моите Хана и Тара“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Христина Пан: „2024 не беше лесна, половина година ни помина по болници, но добивме благослов“ „2024 што да ти кажеме за крај. Дека беше лесна, не беше, половина година пак ни...
Инстаграм профилот на Ана од Охрид е како сцена од есенска бајка (фото) „Есента ми е омилена најмногу заради природата, нејзините бои, мирисот на цимет,...
Андреј и Панчо среде улица пеат со група пензионерки: „Нè сретнаа во населбата Илинден, да се има ба... „Денес, снимајќи видео за ДНК, случајно се сретнавме со група пензионерки кои нè...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Христина Пан за ќеркичката (2) што се бори со рак: „Ме прашуваа зошто Тара нема коса, ѝ се смееја во... „Кога ме прашуваа зошто Тара нема коса или ѝ се смееле во парк или родител ќе ја...
Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg