Елена Ристеска си ја отвори душата 8 години по смртта на татко ѝ: „Секој ден, сè повеќе ми фалиш“

„Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото кутре на светот“, напиша Елена на Инстаграм и повторно си ја отвори душата за големата загуба.

elena-risteska-8-godini-po-smrtta-na-tatko-i-sekoj-den-se-povekje-mi-falish-01.jpg

Пејачката Елена Ристеска пред 8 години го загуби својот татко, кој почина од карцином.

Оттогаш, таа често знае да каже дека животот веќе не ѝ е ист, а дека со неговата смрт освен што останала без родител, го загубила и човекот кој отсекогаш (заедно со мајка ѝ и сестра ѝ) и бил најголемата поддршка.

elena-risteska-8-godini-po-smrtta-na-tatko-i-sekoj-den-se-povekje-mi-falish-03.jpg

На 8-годишнината од неговата смрт пејачката на својот Инстаграм објави видео од неколку фотографии со татко ѝ.

„Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото кутре на светот.

Секој следен ден, сè повеќе ми фалиш“, напиша Елена.

elena-risteska-8-godini-po-smrtta-na-tatko-i-sekoj-den-se-povekje-mi-falish-02.jpg

Во пораката, таа откри и дека му посветила песна.

„The Reason ја напишав за тебе“, вели таа.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg