Се слави Свети Константин и Елена: Обичаи и верувања поврзани за празникот

Водата од еден извор во Македонија се смета дека е најлековита на овој ден, а голем број верници се собираат во храмовите за да однесат дарови за здравје. Кои биле царот Константин и царицата Елена и зошто нивниот празник многу се почитува кај нас?

se-slavi-sveti-konstantin-i-elena-obichai-i-veruvanja-povrzani-za-praznikot-01.jpg

Православните верници денес (03.06) го слават празникот Свети цар Константин и царица Елена.

Овој ден се одбележува во чест на првиот римски цар што го признал христијанството како религија и неговата мајка, а именден слават Костадин, Костадинка, Кочо, Елена, Ленка...

se-slavi-sveti-konstantin-i-elena-obichai-i-veruvanja-povrzani-za-praznikot-02.jpg

Кои биле Свети Константин и Елена?

Во рамки на владеењето на императорите Диоклецијан и Максимилијан, христијаните биле жестоко прогонувани, но со доаѓањето на власт на Константин, христијанството конечно било признаено како религија.

Константин бил роден во Ниш во 274-та година, како син на царот Констациј Флор и Елена.

Елена била мошне побожна и религиозна жена, која го советувала својот син да го запре прогонството и да ги заштити следбениците на Христа.

Константин бил повикан да се бори против царот Максениј, кој вршел големо угнетување и измачување на христијаните во Италија, а во мигот кога се двоумел на кој бог да му се помоли пред битката, на небото видел напишан светол крст и напис:

„Со ова ќе победиш!“.

Следната ноќ на сон му се јавил Христос кој му кажал во борбата да влезе со копје, со пречник кое ќе го симболизира крстот и христовата вера.

se-slavi-sveti-konstantin-i-elena-obichai-i-veruvanja-povrzani-za-praznikot-05.jpg

Константин со овој крст влегол во борба и успеал да го победи Максениј, а во Рим бил пречекан со воодушевување од тамошните жители.

Тој со посебен едикт во 313-та година го прекинал прогонот врз христијаните, дозволил да се градат цркви и храмови, а е основач и на градот Константинопол.

Во еден миг Константин се разболел, а лекарите му советувале да се бања во крвта на заклани деца. На сон на Константин му се јавиле светите апостоли Петар и Павле, кои го советувале да го побара епископот Силвестер.

Откако Константин бил крстен од епископот, неговата болест веднаш исчезнала.

Неговата мајка Елена се верува дека е заслужна за наоѓањето на крстот на кој бил распнат Исус Христос.

Се претпоставувало дека крстот е закопан во близина на гробот на спасителот, и таа наредила да се копа таму. Но, проблемот настанал откако на местото биле најдени 3 крста – оној на Исус и двата на разбојниците што биле распнати заедно со него.

За да дознаат кој од трите крстови е Христовиот, Царицата Елена наредила мртовецот од погребната поворка што минувала таму во тој миг, да биде ставен пред крстовите.

Кога го ставиле пред еден од крстовите, мртовецот воскреснал, по што било утврдено дека тоа е христовиот крст. На местото каде што бил гробот на Исус, Елена изградила голема црква.

Во Македонија, во Манастирот Свети Јован Бигорски и денес се чува парче од светиот крст што бил најден од страна на царицата.

se-slavi-sveti-konstantin-i-elena-obichai-i-veruvanja-povrzani-za-praznikot-04.jpg

Таа починала на 80-годишна возраст во Палестина, а подоцна нејзините мошти биле пренесени во Цариград и погребани во црквата на светите апостоли.

Обичаи и верувања поврзани со празникот

Овој празник во православниот календар е одбележан со црни букви, односно се смета за голем празник, а соодветно на тоа во голем дел се верува дека ова е ден кога треба да се воздржиме од тешки работи.

Голем број од верниците на денешен ден одат и оставаат дарови во црквите за здравје. Најчесто се носат чорапи, крпи, кошули и сл.

Во Охрид пак, постои една легенда која се врзува за овој празник. Така под манастирот Свети Наум Охридски, до самото езеро има извор за кој се верува дека е најлековит токму на овој празник.

se-slavi-sveti-konstantin-i-elena-obichai-i-veruvanja-povrzani-za-praznikot-06.jpg

Според преданијата, еден татко имал ќерка која била ќелава, па Свети Наум му рекол да оди и да ја измие на празникот Свети Константин и Елена на изворот под карпата каде што течела вода под манастирот.

Откако таткото го послушал советот на светиот учител, девојката веднаш оздравела и ѝ пораснала густа и кадрава коса.

Заради ова голем број верници и до ден денес се собираат на овој извор за да се измијат и да наполнат вода за здравје.

se-slavi-sveti-konstantin-i-elena-obichai-i-veruvanja-povrzani-za-praznikot-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Битолчанецот Константин ја запроси Ирена на 125-тиот кат од Бурџ Халифа во Дубаи (фото) „Патувањето во Дубаи ни беше планирано за почетокот на декември, за да го просла...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Елена Ристеска си ја отвори душата 8 години по смртта на татко ѝ: „Секој ден, сè повеќе ми фалиш“ „Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото ...
Елена од гевгелиско спаси и трет штрк: „Девојчиња го донесоа кај мене со повредено крило“ „Вториот штрк е здрав и во август ќе може да одлета, а третиот има повредено кри...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg