Елена од гевгелиско спаси и трет штрк: „Девојчиња го донесоа кај мене со повредено крило“

„Вториот штрк е здрав и во август ќе може да одлета, а третиот има повредено крило и не верувам дека ќе може да одлета“ – раскажува хуманата гевгеличанка Елена Алексовска, која во една недела во својот дом прими уште два штрка за кои треба да се грижи.

elena-od-gevgelisko-spasi-i-tret-shtrk-devojchinja-go-donesoa-kaj-mene-so-povredeno-krilo-01.jpg

Елена Алексовска од гевгелиско на македонската јавност веќе ѝ стана позната како жената што се грижи за штркови.

elena-od-gevgelisko-spasi-i-tret-shtrk-devojchinja-go-donesoa-kaj-mene-so-povredeno-krilo-02.jpg

За неа јавноста дозна уште на почетокот на годинава, кога CRNOBELO.com ја објави приказната за штркот Мишко, кого таа го спасила.

Мишко кај неа ја презимил минатата зима, а сега во само неколку дена, нејзиниот дом е побогат за уште два штрка.

elena-od-gevgelisko-spasi-i-tret-shtrk-devojchinja-go-donesoa-kaj-mene-so-povredeno-krilo-09.jpg

Елена на почетокот на неделава мораше да го вдоми вториот штрк, кого го нашла откако деца го тепале со стапови.

Откако оваа приказна беше пренесена на CRNOBELO.com, Елена доби уште еден „пациент“ за кого треба да се грижи.

elena-od-gevgelisko-spasi-i-tret-shtrk-devojchinja-go-donesoa-kaj-mene-so-povredeno-krilo-07.jpg

Елена за нашите читатели споделува фотографии од третиот повреден штрк што кај неа го донеле две девојки од Миравци откако слушнале дека таа може да му помогне.

„Девојките од Миравци го оставија кај мене бидејќи одбивал да јаде.

Кај мене јаде, ама има повредено крило и не ми се верува дека ќе лета“ – вели Елена.

elena-od-gevgelisko-spasi-i-tret-shtrk-devojchinja-go-donesoa-kaj-mene-so-povredeno-krilo-04.jpg

Таа ни појаснува дека вториот штрк, што го нашла во понеделникот, е потполно здрав и дека за еден месец, со добра храна и грижа ќе биде целосно здрав да се врати во природата и да му се приклучи на своето јато - таман на време кога тие ќе си одат на југ.

„Третиот штрк е со повредено крило и мислам дека нема да може да замине“ – вели Елена.

elena-od-gevgelisko-spasi-i-tret-shtrk-devojchinja-go-donesoa-kaj-mene-so-povredeno-krilo-14.jpg

Елена вели дека Мишко, првиот штрк за кој се грижи повеќе од една година, редовно сам лета по неколку часа во природата и се враќа дома, но таа е загрижена дека ако ги пушти другите два штрка надвор, сами нема да можат да опстанат и решена е несебично да им помогне сè додека не заздрават.

Инаку, за потсетување, Елена е медицинска сестра во пензија, која целиот свој работен век го посветила вршејќи ја својата хумана дејност и помагајќи им на пациентите.

elena-od-gevgelisko-spasi-i-tret-shtrk-devojchinja-go-donesoa-kaj-mene-so-povredeno-krilo-06.jpg

Денес во својот дом во гевгелиско освен за штрковите, се грижи и за кучиња и за мачки, на кои им посветува неизмерна љубов, грижа и внимание.

„Тие ми ја полнат душата со енергија, дефинитивно се посветувам на животните.

Бев несебично посветена и кон луѓето. На ниту еден кој ми дојде на врата не го одбив да му помогнам, инјекции, преврски, инфузии, мал број од луѓето тоа ми го паметат.

Кога умираше брат ми пред две години, не само што не ми помогнаа, туку како да му пресудија смртна пресуда.

Затоа изгубив верба во луѓето, иако и сега како пензионерка помагам, но се посветувам на животните“ – вели Елена.

elena-od-gevgelisko-spasi-i-tret-shtrk-devojchinja-go-donesoa-kaj-mene-so-povredeno-krilo-03.jpg

Елена вели дека нејзината болка за братот е ненадминлива, а токму во негова чест го крсти и првиот повреден штрк за којшто почна да се грижи и кој се вика Мишко.

elena-od-gevgelisko-spasi-i-tret-shtrk-devojchinja-go-donesoa-kaj-mene-so-povredeno-krilo-15.jpg

Прочитајте и Елена од Гевгелија 1 година се грижи за штрк: „Го пуштив да си оди, но не сака“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Елена Ристеска си ја отвори душата 8 години по смртта на татко ѝ: „Секој ден, сè повеќе ми фалиш“ „Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото ...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Миа Костова изреволтирана откако дете го удрило со бокс во стомак син ѝ: „Булингот доаѓа од дома“ (в... Миа Костова вели дека нејзиниот син е повторно жртва на булинг - откако пред изв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg