Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот

ljuboven-horoskop-za-juli-2024-strelci-mechtaete-za-zabraneta-ljubov-bikovi-monotonija-vo-brakot-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Доколку сте во сериозна врска или во брак, партнерот ќе ви покаже колку му значите.

Сепак, можни се проблеми со партнерот, кои се поттикнати од финансиите, бидејќи нема да ви се допадне начинот на кој тој ги троши парите.

Ако сте во врска која е на почетокот, бидете искрени со партнерот и поставете некои „граници“ за да ги избегнете можните несогласувања и непријатности во иднина.

Некои Ваги се во дилема дали е добра идеја да почнат заеднички живот со партнерот.

Ако сте сингл:

Можно е да ви се додворува некој кој е веќе во врска, па тоа да ви го искомплицира животот.

Размислете дали вреди да си правите проблеми, бидејќи ваквата афера сигурно нема да заврши поволно за вас.

Но, ако некој ве повика на љубовен состанок, не ја одбивајте поканата, бидејќи нема да имате многу вакви можности во блиска иднина.

Скорпија

Ако сте во врска:

Ако сте во брак, можно е со партнерот да заминете на патување во странство, на летување, или да ги посетите неговите/нејзините родители на неколку дена, ако не живеете во истото место.

Ако сте во врска, таа овој месец може да стане многу посериозна и да продолжи по некој неочекуван тек.

Но, ако сте на почеток на врската, најверојатно личноста со која се гледате ќе биде многу важна за вашата иднина, а работите за кратко време ќе станат многу сериозни.

Ако сте сингл:

Во овој период луѓето во вашиот живот ќе се појавуваат со причина, па ако запознаете некој нов, дозволете му да стане важен дел од вашето секојдневие.

Ако сте родени околу 10-ти ноември, овој месец може да ви донесе многу големи предизвици на љубовен план со кои не сте подготвени да се соочите.

Луѓето околу вас нема да бидат толерантни и нема да се обидат да ве разберат, а вие нема да сакате да прифатите дека работите не се по ваше, па тоа може да предизвика проблем во комуникацијата со потенцијалниот партнер.

Стрелец

Ако сте во врска:

Некои Стрелци може да влезат во тајна врска или да мечтаат за некоја забранета љубов, бидејќи веќе се во врска или во брак.

Што и да направите, не дозволувајте слепо да ве води страста, туку пробајте да размислувате и со здрав разум за да не направите нешто од што нема враќање без последици.

Некои Стрелци ќе мора да се справат со последиците од лагите кои ги кажуваат или со лагите на партнерот.

Ако сте сингл:

Пред вас се љубовни изненадувања кои ќе ви го подобрат расположението и ќе ви го кренат егото.

Некои сингл Стрелци е можно да имаат средба со личност која одамна не е дел од нивниот живот, но обновениот контакт ќе им донесе нова возбуда.

Втората половина од месецот ќе ви донесе можност за нови, возбудливи познанства.

Јарец

Ако сте во врска:

И Јарците во брак и оние во врска овој месец ќе имаат иста цел - да продолжат во правецот во кој се движат со саканата личност.

Ова не значи дека кај некои од личностите родени во овој знак нема да има турбуленции, но тоа нема да е многу драстично, па и малите љубовни проблеми лесно ќе се решаваат.

Ако сте на почеток на врската, можно е да дознаете дека партнерот ве лаже, па ќе сакате да се соочите со него и да ги расчистите работите што ве мачат.

Ако сте сингл:

Мечтаете да запознаете личност со која би почнале врска, но тоа најверојатно нема да се случи во овој период, па ќе чувствувате разочарување.

Пријателите можат да ви бидат голема поддршка во овој период, но имајте предвид дека и тие имаат свој живот и дека нема да може да се тука за вас 24/7.

Ако имате преголеми очекувања можно е да се разочарате, па затоа бидете разумни во своите желби.

Водолија

Ако сте во врска:

Овој период е од големо значење за вашата љубовна иднина, па прифатете ги промените без приговор.

Ако сте во врска, таа во овој период може да стане посилна, а вие да почнете да се гледате себеси засекогаш покрај партнерот.

Ако сте во брак, не му приговарајте на партнерот за сè и сешто, тоа може да влијае негативно на вашата комуникација.

Ако сте сингл:

Пред крајот на месецот вниманието може да ви го привлече личност која ќе крие од вас дека е зафатена.

Бидете внимателни во комуникацијата со нови луѓе и не се залетувајте веднаш, туку оставете малку време за да дознаете дали нивните намери се искрени.

Овој месец мислете повеќе на себе, отколку на другите и правете работи од кои вам ќе ви биде убаво.

Риби

Ако сте во врска:

Јули е месец на убави емоции, па ако сте во врска таа може да стане уште поубава, а вие да уживате во секој момент поминат со партнерот.

Овој месец некои Риби ќе доживеат големо изненадување од партнерот.

Ако сте во брак, пак, можно е да добивате помалку внимание од партнерот од вообичаено, поради што ќе почнете да се  сомневате во неговите чувства.

Ако сте сингл:

Во средината на месецот можно е да запознаете некоја шармантна личност преку социјалните мрежи.

Одбијте ја поканата за кафе или вечера со личност за која знаете дека е зафатена - во периодов воопшто не е препорачливо да се впуштате во тајна врска.

Држете до себе, подобро е да сте сингл уште некое време, отколку свесно да се впуштите во афера во која можете да бидете повредени.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg