Искра од Скопје за животот во Брно: „Ако дојденец стапи во брак со Чех - доаѓа љубовна полиција, Чесите мразат поздрав со гушкање“

Дали Брно е совршено голем за тебе и твоите амбиции? Или за една амбициозна девојка на моменти и светот е премал?

Јас сè уште ја милувам македонската вредност и на оваа територија.

Неретко знам да дадам придонес на јавни настани и говори во името на брендотWomen in Tech Macedonia.

iskra-za-zhivotot-vo-brno-ako-dojdenec-stapi-vo-brak-so-cheh-doagja-ljubovna-policija-chesite-mrazat-pozdrav-so-gushkanje-09.jpg

Да, амбицијата не препознава граници, но засега се фокусирам на усовршување во кариерата, па успехот доаѓа независно од локацијата.

iskra-za-zhivotot-vo-brno-ako-dojdenec-stapi-vo-brak-so-cheh-doagja-ljubovna-policija-chesite-mrazat-pozdrav-so-gushkanje-07.jpeg

Со што се занимаваш, како се снајде на поле кариера?

Јас поседував идеална комбинација од знаење (проектен менаџмент) и вештини (германски и англиски), каде на пазарот на трудот во Чешка бев оскуден ресурс.

Тука, секако, почнав од нула, а со труд, борбеност, искреност и љубопитност кон работата, се оформив во уште поголема фигура.

Токму поради таа храброст јас кажав „да” на скок од кариера од проектен менаџмент во Линукс универзумот. За многумина тој пат беше нелогичен, незамислив, но за мене беше една пријатна авантура. 

iskra-za-zhivotot-vo-brno-ako-dojdenec-stapi-vo-brak-so-cheh-doagja-ljubovna-policija-chesite-mrazat-pozdrav-so-gushkanje-11.jpeg

Имаш ли некоја забавна приказна од животот таму?

Забавно е во секој поглед.

Но, ако на секое запознавање гледаме како на квалитетна врска, тоа во поголем број случаеви, барем за мене резултирало со покани да бидам менторка, или учество на настан поврзано со лидерство и жени... Сè зависи од тоа каква енергија емитуваме.

iskra-za-zhivotot-vo-brno-ako-dojdenec-stapi-vo-brak-so-cheh-doagja-ljubovna-policija-chesite-mrazat-pozdrav-so-gushkanje-14.jpeg

Како изгледа еден совршен викенд за тебе во Брно?

На зима, со пријатели на друштвен билијард или СПА.

На лето, малку поактивен еднодневен излет на велосипед до замокот „Veveří“, кој е лоциран на езерото „Brněnska přehrada“.

Можеме на партија пинг-понг, одбојка и скара, додека си раскажуваме со пријателите за нашите новитети и планови.

Додека за љубителите на историја, постои еднодневен излет до Аустерлиц (денешен Славков), полето каде Наполеон издвоил победа над австро-руската војска во 1805. Оваа се смета за негова најголема победа.

iskra-za-zhivotot-vo-brno-ako-dojdenec-stapi-vo-brak-so-cheh-doagja-ljubovna-policija-chesite-mrazat-pozdrav-so-gushkanje-18.jpeg

Какво е здравството? Како изгледа одењето на редовни прегледи таму? Како се закажува, колку докторите имаат различен пристап од оние од Македонија?

Јас преферирам, а и до ден денес oдам на стоматолог во Скопје.

За фризер исто така. Несомнено сме незаменливи во фатот на раката, имаме чувство и квалитет.

Во Чешка, кога и да одам на општ матичен доктор, прво проверувам на интернет кога им е приемно време.

Пред канцеларијата на сестрата, до вратата има апаратче, каде ја вметнувам мојата осигурителна картичка, да ги вчита моите податоците и, автоматски, им назначува дека сум стигнала.

Јас избирам кој тип на преглед ми треба од менито. Се чувствувам слушано, видено, згрижено.

iskra-za-zhivotot-vo-brno-ako-dojdenec-stapi-vo-brak-so-cheh-doagja-ljubovna-policija-chesite-mrazat-pozdrav-so-gushkanje-17.jpeg

Колку го научи јазикот? Што ти падна најтешко при адаптацијата?

По 5 години живеење во Чешка, го научив јазикот на А2 ниво. На 10 години - на Б1 ниво.

Тоа е и официјално период кога се аплицира за „Permanent residency“, односно постојан престој и државјанство, докажувајќи и дека го владееш јазикот на горенаведеното ниво.

iskra-za-zhivotot-vo-brno-ako-dojdenec-stapi-vo-brak-so-cheh-doagja-ljubovna-policija-chesite-mrazat-pozdrav-so-gushkanje-15.jpeg

Продолжува на следната страница....


Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Вера Радески за преселбата во Чикаго: „Првата година е хаотична, ве мачи носталгијата, се колебате д... „Првата година по преселбата е страшно хаотична. Тоа е период во кој навистина н...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Марко Марк го посети Њујорк: „Градот е спектакуларен, овошјето има вештачки вкус, билет за Бродвеј е... „Како што чекорев низ Централ парк, препознавав локации од Home Alone, а видов и...
Го посетив замокот Голубац кој е на 5 часа возење од Скопје - Што ме импресионираше кај „скапоцениот... Го нарекуваат „скапоцениот камен“ на Србија, а многу од луѓето во регионот не зн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg