За сите мајки на синови.... ќе се прашувам дали те држев доволно долго

za-site-majki-na-sinovi-kje-se-prashuvam-dali-te-drzhev-dovolno-dolgo-01.jpg

Моментите со тебе ми летаат малечок. Без разлика колку и да се трудам да ги задржам, тие ми се лизгаат низ прстите, но тоа е животот.

Понекогаш се прашувам дали те држев доволно долго.

Но, се надевам дека на едно момче секогаш ќе му биде потребна мајка.

Еден ден твоите раце само ќе стојат опуштено надолу, наместо да се кренати нагоре давајќи ми знак ми да те подигнам.

Всушност, мислам дека тоа веќе и се случи.

Повеќе нема да имаш потреба да ти го бакнувам болното колено или да те гушкам пред спиење.

Се сеќавам на времињата кога посакував да ги имам моите ноќи назад за себе и да спијам непрекинато, без да ме будиш, и сега сфатив дека сум ги добила назад.

Ќе прекинеш да дотрчуваш во нашиот кревет наутро, пред изгрејсонце.

Ќе престанеш да се качуваш врз нас и да бараш да станеме.

Наместо тоа, ќе се будам и ти ќе бидеш во кујната и сам ќе си земаш појадок.

Ќе те гледам и ќе сфатам дека работите се многу полесни сега, но и некако потешки.

za-site-majki-na-sinovi-kje-se-prashuvam-dali-te-drzhev-dovolno-dolgo-02.jpg

Ќе престанеш да ме довикуваш среде ноќ.

Ќе престанеш да ми кажуваш „те сакам“ 5 пати на ден.

Се надевам дека уште ќе ми кажуваш, но тоа нема да биде со тие мали рачиња на моите образи.

Едноставно нема, но тоа е во ред.

Еден ден ќе ми ја пуштиш раката и ќе ми кажеш дека остатокот од патот до училиште ќе го изодиш сам.

Ќе ми даваш прегратки, но такви кои нема да траат доволно долго.

Ќе те држам за образите и уште ќе гледам зрак од моето бебе во твоите очи.

Еден ден, ти ќе бидеш маж кој во своите раце ќе држи сопствено бебе.

Ќе ти кажам дека и тоа е исто како тебе поради тоа и тоа.

И ти ќе се смееш затоа што ќе те научам работи за тебе, кои и самиот не си ги знаел и ќе се насмевнам затоа што ти тоа го правиш за мене со години, со своето постоење ме учиш работи за самата себе кои не сум ги знаела.

Ќе знам дека секогаш ќе имаш потреба од твојата мајка само на различни начини.

И ќе ми биде мило, затоа што токму така сакав да те израстам – во независна личност.

Затоа дотогаш...

Ќе уживам во твоите милувања.

Ќе те подигам кога ќе паднеш.

Ќе дотрчувам навечер кога ќе ме довикуваш.

Затоа што еден ден, дури и кога ќе ти требам помалку, ќе знаеш дека сум тука за тебе.

Извор

Би можело да ве интересира:

Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Децата ме прашуваат: „Мамо, зошто си нервозна? Не, не сум, само сум престимулирана и имам тантруми“ Маневрираш со жешки тенџериња околу децата, газиш на подот преполн со трошки, па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg