„Долго време живеев сама, се будев сама, пиев кафе сама... Зошто е важно да знаеш да бидеш сама?“
„Долго време живеев сама и ја засакав својата самотија. Во неа најдов мир кој го губев секогаш кога наивно налетував на погрешни, им давав шанси, верував дека само ќе ме сакаат, а тие посесивно ме присвојуваа, ме ‘поправаа’...“
Милица Оливер е поетеса од Србија, која дел од своите дела сака да си споделува со нејзините 93.000 следбеници на Фејсбук, па така беше и овој пат кога сподели извадок од книгата на која работи периодов.
Таа нагласува зошто е важно една жена да знае да биде сама и да научи да ужива во својата самотија.
Нејзината моќна порака:
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА ЗНАЕШ ДА БИДЕШ САМА?
Долго време живеев сама.
Се будев и легнував сама.
Пиев кафе сама.
Ретко кога, поради тоа,
навистина ќе седнев на маса
и ќе јадев некој пристоен оброк.
Оние што се сами
јадат „на нозе“,
додека стојат во кујната
или седат на кауч
гледајќи бледо во ѕидот.
Самците јадат и по
градски ресторани.
Мене секогаш ме чекаше
маса под багрем,
на главното шеталиште
и салата со ракчиња.
Долго време живеев сама
и ги засакав своите самотии.
Во нив најдов мир
кој го губев секогаш
кога наивно
налетував на погрешни,
им давав шанси,
верував дека само
ќе ме сакаат, а тие
посесивно ме присвојуваа,
ме „поседуваа“, ме „поправаа“.
Долго време живеев сама.
Се навикнав на сите
ритуали на самечкиот живот.
Верував во своите самотии,
верував дека ме учат
на нешто посебно,
важно и неопходно,
а тоа беше дека живот во пар
не прифаќам ако нема
поддршка, почит,
доверба и сигурност.
Од пеперутките во стомакот
добив само нож во грб.
Се враќав после ранета
на своите самотии.
Тие секогаш ме гушкаа.
Милица Оливер
Од новата книга.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





