Носталгија по едни убави времиња: Ретро фотки од скопскиот Луна парк
Се сеќавате ли на Луна паркот во Скопје кој за жал веќе го немаме? Панорамското тркало, авиончињата кои ги управувавме нагоре-надолу со метален менувач, количките на удирање, картите за 10 возења и родителите кои нè чекаа со најпопуларните пирошки во раце, додека ние молевме за уште возења...
Луна паркот во Скопје беше најпосетуваната атракција за децата, па дури и за возрасните, додека истиот не се затвори, а просторот остана да „скапува“ во исчекување на нов забавен парк.
Денешните деца за жал не можат да ја почувствуваат магијата и радоста која ја чувствувавме кога ќе поминевме низ капијата и желбата да се извозиме на сите можни реквизити.
На мене омилени ми беа картите кои овозможуваа максимален број на возења, но имаше и такви денови кога морав да одберам само неколку возења.
Обожавав да се возам на авиончињата кои со метален менувач сами ги управувавме нагоре-надолу, уживав додека скокав со брат ми на воздушниот замок во виолетово-зелено-жолти бои, се удирав со количките и се возев во вовчето, но понекогаш и на панорамското тркало.
Секако, по неколку возења, родителите беа во кафулето пред панорамското тркало, и нè чекаа со нашите омилени пирошки во рака, додека ние молевме да почекаат уште малку, да се повозиме уште неколкупати.
Какви спомени имате вие оттука?
Додека сме во исчекување на нов Луна парк, да се потсетиме на стариот, со ретро фотки:
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





