14 ретро новогодишни фотки, кои ќе нè вратат во времето кога сè уште верувавме во Дедо Мраз

„Надвор е -15°С, а јас го чекам Дедо Мраз - ми вети дека ќе дојде“ - овие фотографии од 1970-тите и '80-тите ќе ви ја разбудат носталгијата по детството.

14-retro-novogodishni-fotki-koi-kje-ne-vratat-vo-vremeto-koga-se-ushte-veruvavme-vo-dedo-mraz-01.jpg

Нова година е како создадена за магија. Тогаш, дури и без временска машина може да се вратиме во минатото и да се потсетиме на детството, на прекрасните моменти поминати дома со семејството покрај елката, на училишните приредби, пакетчињата и подароците под елката, кои едвај чекавме да ги отвориме.

Овие ретро фотографии ќе ве вратат во минатото, ќе ви ја разбудат носталгијата и ќе ве потсетат на времето кога верувавме во Дедо Мраз:

„Јас сум девојчето облечено како Црвенкапа. Мајка ми секоја година ми правеше различен костим за во градинка, но овој ми е омилен“

14-retro-novogodishni-fotki-koi-kje-ne-vratat-vo-vremeto-koga-se-ushte-veruvavme-vo-dedo-mraz-09_copy.jpg

„Кога бев мала во секоја населба се поставуваше по една елка, а децата правеа украси и ги ставаа на дрвото. Ова е дрвото што во 1970 година го поставија пред мојата куќа“

14-retro-novogodishni-fotki-koi-kje-ne-vratat-vo-vremeto-koga-se-ushte-veruvavme-vo-dedo-mraz-12.jpg

„Надвор е -15°С, а јас го чекам Дедо Мраз - ми вети дека ќе дојде“

14-retro-novogodishni-fotki-koi-kje-ne-vratat-vo-vremeto-koga-se-ushte-veruvavme-vo-dedo-mraz-10.jpg

„Плачам секогаш кога ќе ја видам фотографијава. Ја натерав мајка ми да ми го украси фустанчето со новогодишни ленти, но едната се скина пред да ме фотографираат“

14-retro-novogodishni-fotki-koi-kje-ne-vratat-vo-vremeto-koga-se-ushte-veruvavme-vo-dedo-mraz-02.jpg

„Секоја зима во мојот град се правеа огромни фигури од снег“

14-retro-novogodishni-fotki-koi-kje-ne-vratat-vo-vremeto-koga-se-ushte-veruvavme-vo-dedo-mraz-13.jpg

„Дедо Мраз како да се подмладил“

14-retro-novogodishni-fotki-koi-kje-ne-vratat-vo-vremeto-koga-se-ushte-veruvavme-vo-dedo-mraz-14.jpg

„Фотката е од 1986 година, а јас сум дотерана за на претстава, каде што требаше да ‘глумам’ печурка. И тогаш ја мразев капата од хартија што ми ја дадоа да ја носам“

14-retro-novogodishni-fotki-koi-kje-ne-vratat-vo-vremeto-koga-se-ushte-veruvavme-vo-dedo-mraz-07.jpg

„Бевме сиромашни кога растев, па дома често немавме елка. Но, една година, татко ми реши да ми направи костим нинџа желка и така се фотографирав на училиште. Ова ми е една од омилените празнични фотки“

14-retro-novogodishni-fotki-koi-kje-ne-vratat-vo-vremeto-koga-se-ushte-veruvavme-vo-dedo-mraz-03.jpg

„Овој волк ме исплаши малку“

14-retro-novogodishni-fotki-koi-kje-ne-vratat-vo-vremeto-koga-se-ushte-veruvavme-vo-dedo-mraz-06.jpg

„Не сум страшен пират, но оваа фотографија секогаш ми буди носталгија“

14-retro-novogodishni-fotki-koi-kje-ne-vratat-vo-vremeto-koga-se-ushte-veruvavme-vo-dedo-mraz-05_copy.jpg

„Новогодишна забава на работа кај мајка ми, во 1982 година. Јас, како и секогаш, сум снегулка“

14-retro-novogodishni-fotki-koi-kje-ne-vratat-vo-vremeto-koga-se-ushte-veruvavme-vo-dedo-mraz-08.jpg

„Јас сум еден од тројцата мускетари, а многу подоцна дознав дека Дедо Мраз е, всушност, татко ми“

14-retro-novogodishni-fotki-koi-kje-ne-vratat-vo-vremeto-koga-se-ushte-veruvavme-vo-dedo-mraz-15.jpg

„Мојата омилена празнична фотографија“

14-retro-novogodishni-fotki-koi-kje-ne-vratat-vo-vremeto-koga-se-ushte-veruvavme-vo-dedo-mraz-11.jpg

„Моето I-а одделение, фотографирано пред повеќе од 30 години“

14-retro-novogodishni-fotki-koi-kje-ne-vratat-vo-vremeto-koga-se-ushte-veruvavme-vo-dedo-mraz-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...
Најубавите новогодишни честитки за 2024 што може да им ги испратите на саканите Сакате на драгите луѓе да им ја честитате новата година, но немате инспирација? ...
Јавете им се на родителите, одете кај баба ви и дедо ви – не знаете колку време ви останува со нив Не можам да ви кажам што ќе ви донесе утрешниот ден, но можам да ви го кажам сле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg