Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера

mi-nedostasuva-igranjeto-nadvor-do-docna-kaj-baba-i-dedo-na-selo-i-ladnata-vechera-01.jpg

Кога бев дете, не ги сакав крајот на летото и август.

Тогаш си доаѓав дома од село кај баба ми и дедо ми, а моите родители требаше да ми купуваат учебници и тетратки и да ме подготват за новата школска година.

Не ми се допаѓаше помислата дека доаѓа крај на долгите игри надвор и доцните селски вечери подготвени од баба.

Колку и да мразев што ме викаа од играта надвор за да вечерам, сепак тоа ми недостасуваше кога наближуваше септември... таа задоцнета вечера.

Како и искинатите патики и некогашната бела маица, раскрвавените колена и дупнатата топка.

Ми недостасуваше дури и дедо ми, кој ме караше и ме тераше да спијам од 2 до 4 часот напладне.

Било многу силно сонцето, морало да се приберам дома...

„Ги прочита ли лектирите?“, беше прашањето кое секогаш најтешко ми паѓаше и ме враќаше во реалноста.

Сега веќе нема село, нема училиште, нема лектири. Нема целодневна и безгрижна игра, нема и топло зготвена, а изладена вечера.

Има нови и удобни патики, чиста бела маица, здрава храна... но за жал, дедо и баба веќе ги нема.

Белезите по колената си се тука, како и спомените.

Овој пат книгата е прочитана. Се викаше „Не расти, замка е!“.

Извор

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Намерно се запуштав за да не излезам од дома, Скопје ме гушеше - едвај се извлеков од депресијата“ „Не миев коса со денови за да имам изговор - кај да одам со мрсна коса? Нок...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Бадник и Божиќ во мојот дом во Битола – Баба ми возбудено готви, јас дотеран за во црква Паметам кога бев малечок, уште во зорите на ладното зимско утро ќе ме разбудеа п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg