Преку глава ми е од бели лаги и лажговци - Не, лагата не може да биде добра и не, не сме овци!

Станавме глумци во реалноста, лицемери, станавме извештачени. Каква е бре таа бела лага? Секоја искажана невистина и премолчана вистина не се во ред. И не, не сме овци, не ви веруваме! Ни ја навредувате интелигенцијата...

preku-glava-mi-e-od-beli-lagi-i-lazhgovci-ne-lagata-ne-mozhe-da-bide-dobra-i-ne-ne-sme-ovci-01.jpg

Уште самиот термин „бела лага“ ме иритира. Не, лага е лага и таа е негативна и не може да биде бела и позитивна.

Секоја искажана невистина и премолчана вистина не се во ред.

И престанете да ги употребувате.

Почнете да зборувате јасно, искрено и директно и бидете доследни на кажаното.

Нема потреба од оправдувања и лажни изговори. Едноставно кажете: „Јас се чувствувам така и така, тоа и тоа ќе го направам или нема да го направам поради тоа што сакам или не сакам“.

Без изговори, без сценарија во кои верувате само вие самите.

Едноставно луѓето не се овци и не ви веруваат. Зошто мислите дека направената штета ќе биде помала ако ја засолите со бела лага?

Станавме глумци во реалноста, лицемери, станавме извештачени.

И најмногу од сè ме нервира кога среде морето од белосветски лажговци ќе дојде една искрена личност и сите токму неа ќе ја гледаат попреку.

Зошто?

Затоа што таа нема време и енергија да смислува оправданија и лаги. Таа всушност го презира лажењето.

Работите ги кажува искрено и директно, така како што ги мисли и чувствува и на крај тоа е погрешно протолкувано.

„Ех, само ти имаш секогаш нешто да кажеш, да се побуниш“...

Е па, едноставно не сме сите лицемери, не сакаме сите да отидеме по патот на помал отпор, да си подизлажнеме за да не си го нарушиме угледот и реномето.

Ќе си ризикуваме... И позиција и углед и сè што можеби е загрозено во име на вистината.

Ќе си го кажеме тоа што си го мислиме и на душата убаво ќе ни биде.

Мразиме бели лаги и секој пат кога ќе ни сервирате некоја таква од петни жили се трудиме да не ви плеснеме во лице: „Дали твојата интелигенција всушност ти дозволува да поверуваш дека јас ќе ти верувам во кажаното?“

Ох, и проѕирно и непотребно и иритантно.

Еден е животот, кажи си што ти лежи на срцето, поубаво ќе се чувствуваш... Секако, не ти веруваме на лагите.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / фото: Pinterest

Би можело да ве интересира:

Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Мики Секуловски за CRNOBELO лексикон: „Брат ми правеше бељи, јас го извлекував подебелиот крај“ „Се плашам од користољубиви луѓе, а најголем идол ми е татко ми“ - Мики Секуловс...
10 причини зошто ја сакаме зимата Носиме дебели џемпери, ноќите ги минуваме стуткани под ќебе и има куп неработни ...
„Немаме култура – ни во маркет, ни во јавен тоалет“ Можеби повеќе од апсурдно е да се зборува за тоа како треба вистински да се одне...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg