„Во време на земјотресот, татко ми беше управител на затворот Идризово. Па нè сместија во некоја ќелија, пристојно уредена, за да можеме таму да живееме некое време. Како низ сон ми е, но имав постојан контакт со затворениците кога излегуваа во дворот, тие ми правеа дури и кукли од дрво“, се присетува Билјана Марк на катастрофалниот земјотрес во 1963-та.