„Го оставив сопругот бидејќи со него се чувствував како самохрана мајка“

„Го оставив за многу причини, но најмногу бидејќи никогаш не ги подготви децата за училиште, ниту се погрижил што ќе јадат, никогаш не ми кажал дека ме цени и најважно му беше неговото време, никогаш моето“.

go-ostaviv-soprugot-bidejkji-so-nego-se-chuvstvuvav-kako-samohrana-majka-01.jpg

Еднаш, додека уште бевме во брак, поранешниот сопруг ме праша дали сум во ред.

Го прашав зошто и ми рече: „Си ги миеш рацете веќе пет минути‘.

Ја исклучив чешмата и си ги избришав рацете чувствувајќи се уморно од тоа што ми се чинеше дека сум самохрана мајка во брак.

Се разведов поради тоа.

Мислев на сите работи што требаше да ги правам тој ден и пробував да најдам начин сама да ги завршам обврските, па веројатно сум се изгубила во мислите додека ги миев рацете.

Требаше да го носам детето на лекар, а требаше и да му се јавам на заболекарот за да закажам преглед.

Требаше д одговорам на најмалку осум итни мејлови на работа.

Требаше да испратам некоја пратка во пошта пред да одам на работа.

Ранецот на едното дете се скина им у требаше нов, а и тоалетната ни беше при крај, па требаше да купам.

go-ostaviv-soprugot-bidejkji-so-nego-se-chuvstvuvav-kako-samohrana-majka-04.JPG

Листата со обврски што си ја правев во глава само се зголемуваше. Како што ќе завршев со едно нешто, се појавуваа четири нови.

Не беше ни 6 часот наутро, а јас веќе го чувствував товарот од обврските што ме чекаат.

Поранешниот сопруг пробуваше да ми зборува, но не можев да му обрнам внимание.

Бев во брак, но сепак мој беше товарот за грижата за децата и домот.

Бев самохрана мајка во брак.

„Само кажи ми што треба да правам“, ми велеше сопругот. „Не знам ако не ми кажеш!“

go-ostaviv-soprugot-bidejkji-so-nego-se-chuvstvuvav-kako-samohrana-majka-03.JPG

Се венчав со него бидејќи беше паметен и способен маж.

Менаџираше неколку вработени и секојдневно се справуваше со распореди и обврски на работа.

Но, таа интелигенција не ја носеше дома, каде што ни се децата.

Не дека јас знаев што треба да правам, и јас првпат бев родител.

Не ми текнуваше на сон колку ужинки, шишиња, пелени и марамчиња треба да испратам со децата во градинка.

Се консултирав со воспитувачките, па дознав. Но, мојот сопруг не го правеше тоа.

go-ostaviv-soprugot-bidejkji-so-nego-se-chuvstvuvav-kako-samohrana-majka-7.JPG

Верував и се надевав дека и тој ќе се ангажира. Но, тој си мислеше дека јас ќе ги завршам сите обврски.

И ги завршував…

Додека поранешниот сопруг си уживаше пред телевизорот, јас заборавав да јадам. Немав време за вежбање.

Заспивав веднаш штом си легнев, но никогаш не се будев одморена.

Постојано бев под стрес дека сум заборавила или пропуштила нешто, а дури и кога пробував да се релаксирам, не можев да престанам да се грижам за многуте работи што можам да ги правам.

Не ми беше лесно под невидливиот ментален товар.

Па, го напуштив бившиот сопруг.

go-ostaviv-soprugot-bidejkji-so-nego-se-chuvstvuvav-kako-samohrana-majka-02.JPG

Го оставив за многу причини, но најмногу бидејќи никогаш не ги подготви децата за училиште, ниту се погрижил што ќе јадат, никогаш не ми кажал дека ме цени и најважно му беше неговото време, никогаш моето.

Го оставив бидејќи секојпат кога гледаше како разговарам со воспитувачки во градинка, диплам облека, готвам, пазарам за дома, тој никогаш не ми помагаше.

Го оставив бидејќи секојпат кога не ми помагаше, покажуваше дека не ме сака и не ме цени.

Кога му зборував за тоа, ми велеше дека помагал.

Или, уште полошо ми велеше: „Биди среќна и со тоа што го правам. Не знам дали постои маж кој се грижи за семејството колку јас“.

go-ostaviv-soprugot-bidejkji-so-nego-se-chuvstvuvav-kako-samohrana-majka-05.JPG

Тој мислеше дека ми прави услуга кога завршува некоја заедничка обврска.

Повеќе не сакав да се чувствувам како самохрана мајка во брак. Ако сè морам да правам сама, тогаш зошто воопшто да бидам во брак?

И, си заминав. Мислев дека ќе зажалам, но не.

Ми беше полесно како вистинска самохрана мајка.

Бев сама, но не се чувствував осамено како кога бев во брак.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Со сопругот толку бевме фокусирани на децата, што заборавивме на нашиот брак“ Јас и сопругот толку бевме фокусирани на грижата за нашите деца, што заборавивме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg