„Мамо, заработи ли во странство доволно пари за да ми купиш ново детство?“ – трогателно писмо кое ќе ве расплака

„На мои 4 години со тато отидовте во странство за да заработите за мојата иднина. Никој не ме праша дали јас сакам повеќе пари или мајка и татко до себе. Моите и торти и честитки ти ги гледаше само на слика. Ти беше слика, мајко!“ - започнува момчето во емотивно писмо до својата мајка. 

mamo-zaraboti-li-dovolno-pari-za-da-mi-kupish-novo-detstvo-pismo-na-sinot-do-majkata-koja-cel-zhivot-rabotela-za-nego-01.jpg

Често родителите сметаат дека ако веќе добиле дете, треба со сите сили да работат за да му обезбедат посветла иднина, надевајќи се дека на тој начин ќе му овозможат посигурен и побезбеден живот…

Но, колку сме свесни дека понекогаш ги прескокнуваме најважните мигови во животот на децата?

Помислуваме ли дека детето не знае зошто ние не сме присутни во нивните животи, туку дека се чувствува како целосно да сме го напуштиле?

Во таа насока е и ова писмо на анонимно момче објавено на страната „Зелена учионица“, во кое на емотивен начин тоа објаснува со какви сè предизвици се соочувал додека неговите родители работеле напорно во странство за да му обезбедат поубава и посигурна иднина.

Прочитајте го писмото во целост:

„Кога имав 4 години, ти и тато одлучивте да ја напуштите земјата и да заминете некаде каде што ќе можете да заработите повеќе пари за јас да имам посигурна иднина.

Никој тогаш не ме праша, што би сакал јас најмногу. Повеќе пари, или мајка и татко до себе.

Знам дека бев премногу мал, но сепак мислам дека знаев што најмногу ценам на овој свет.

Првиот ден во училиште, кога имав 6 години, баба ми беше со мене, а ти ни се јави за да видиш како поминав.

mamo-zaraboti-li-dovolno-pari-za-da-mi-kupish-novo-detstvo-pismo-na-sinot-do-majkata-koja-cel-zhivot-rabotela-za-nego-02.jpg

Две недели учителката ме молеше да престанам да седам во клупата по цел ден и да станам да си играм со другарчињата.

На крај дојде до мене, ме погали, ме зема за рака и се обиде и се обиде нежно да ме крене од столчето и да ме вклучи во играта. Тогаш почнав да плачам и се осмелив да ѝ речам:

- Мајка ми ми рече да бидам добар во училиште и да не правам проблем, зашто во спротивно таа нема да се врати!

Таа ми се насмеа, а потоа ме зема во прегратки, и ми рече дека ти само се шегуваш.

Реков дека не знам кога се шегуваш затоа што не те познавам навистина добро.

Тогаш очите ѝ се наполнија со солзи, а јас страшно се уплашив дека го направив токму она што не смеев – ја вознемирив учителката, направив проблем и ти заради тоа нема да се вратиш!

Долго се плашев, мајко, без обѕир на тоа колку луѓето беа добри кон мене!

Кога другите деца се расправаа едно со друго тоа најчесто завршуваше со реченицата: ’Ќе те кажам на татко ми, ќе видиш!‘

Секогаш се прашував, што би можел јас да кажам.

mamo-zaraboti-li-dovolno-pari-za-da-mi-kupish-novo-detstvo-pismo-na-sinot-do-majkata-koja-cel-zhivot-rabotela-za-nego-03.jpg

Некаде во 4-то одделение, веќе се навикнав на тоа дека имам некои виртуелни родители.

Да, знаев што е виртуелно, благодарение на парите што ги заработувавте, па можевте да ми купите и компјутер, и таблет, и телефон…

Сè имав и сè користев за да разговарам со вас. Се сеќавам во училиште правевме честитки за 8-ми Март за мајките, а јас не се трудев нешто особено.

Учителката се обиде да ми обрне внимание за тоа, а јас ѝ реков дека не е важно, затоа што ти таа честитка ќе ја видиш само на слика.

Моите роденденски торти беа слики, цвеќињата за 8-ми Март беа слики… Ти беше слика, мајко!

mamo-zaraboti-li-dovolno-pari-za-da-mi-kupish-novo-detstvo-pismo-na-sinot-do-majkata-koja-cel-zhivot-rabotela-za-nego-04.jpg

Имав 9 години кога повторно те видов. Си дојдовте откако добивте државјанство. Се сеќавам дека ме праша, зошто не ви се радувам. Молчев.

Рековте дека очекувавте потопло добредојде. Не бев јас, мајко, срамежлив. Едноставно не знаев како да прегрнувам странци.

mamo-zaraboti-li-dovolno-pari-za-da-mi-kupish-novo-detstvo-pismo-na-sinot-do-majkata-koja-cel-zhivot-rabotela-za-nego-05.jpg

Имаше ноќи кога сонував лошо и сè што посакував беше да ме земеш во прегратки и веќе да не се плашам.

Имаше денови кога постигнував некои важни работи, добивав добри оценки и толку многу сакав тоа да ви го кажам и да ме прегрнете. Но, со текот на времето се навикнав дека за мене нема прегратки.

mamo-zaraboti-li-dovolno-pari-za-da-mi-kupish-novo-detstvo-pismo-na-sinot-do-majkata-koja-cel-zhivot-rabotela-za-nego-06.jpg

Во меѓувреме израснав и на 18 години ми купивте автомобил и стан и гордо ми рековте дека сте се жртвувале за тоа.

Сега имам 19 години и ете, се отселив од станот што ми го купивте. Живеам под кирија, од своите пари, се возам во јавен превоз.

Не сакам да користам ништо од материјалните работи што ми го украдоа семејството.

На 19 години како и на 4 верувам дека парите никогаш нема да ја пополнат празнината во мојата душа. Мамо, не постојат пари во светот што би можеле да те заменат… За жал …“

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg