Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Мојата мајка работеше кај човек со 60 бензински пумпи, за минималец - за плата од 150 евра“

„Мајка ми работеше како чистачка и чистеше сè живо. И пеглаше, и беше декоратер, и носеше појадок кому треба. Сè по потреба. Само никогаш да биде наградена. Платата ѝ беше околу 150 евра... И еден ден пукна“.

mojata-majka-raboteshe-kaj-chovek-so-60-benzinski-pumpi-za-minimalec-za-plata-od-150-evra-01.jpg

Стефан Симиќ од Србија за себе вели дека е уметник и креатор. На Инстаграм тој има повеќе од 26.000 следбеници со кои буквално душата ја соголува, преку зборови.

Дали приказната е реална или само инспирирана од реалност не знаеме, но дефинитивно допира до срце и многумина ќе се пронајдат.

Неговата објава допира до срце:

„Мојата мајка работеше кај човек кој има повеќе од 60 бензински пумпи во Параќин.

Ќе заработеше многу повеќе, ако беше праведно и според процент.

Но, газдата ги прецртуваше, и секогаш даваше минималец, а понекогаш и помалку од минималец.

Со коментар: „Не може повеќе, тоа би биле докторски плати.“

Работеше како чистачка и чистеше сè живо.

И телевизијата, и ресторанот, и некои други простори кога имаше прослави.

И пеглаше, и беше декоратер, и носеше појадок кому треба.

Сè по потреба.

Само никогаш да биде наградена.

Платата ѝ беше околу 150 евра.

Една нејзина колешка живееше во село, па секогаш мораше порано на автобус.

Друга беше со посебни потреби, па ја штедеа.

И најголемиот дел од работата остануваше на мојата мајка.

Се бунтуваше за повисока плата, се обидуваше.

Но, другите не сакаа да ризикуваат.

„Подобро и тоа, отколку ништо.“

Позната приказна на нашиот менталитет.

И тогаш, еден ден, едноставно падна во кревет.

Некаков вид на депресија, летаргија.

Долго не можеше да стане.

Ја пријавија како да земала боледување.

Но, никогаш повеќе не се појави на работа.

Само ми рече: „Не можам повеќе“.

До 45 години живот, имаше 28 години работен стаж.

Работеше од шеснаесет години.

Порасна без мајка.

И тоа нејзино „Не можам повеќе“,

Беше аларм дека нешто се случи со неа.

Пукна.

Не можеше повеќе да ги гледа.

Ни да ги слуша.

Иако важеше за добар работник.

Самото одење на работа, со велосипед, каде што прва отвораше...

Беше вистинска авантура.

Бидејќи живееше 6 километри од таму.

Тргнуваше во 5 часот наутро, некогаш по мраз, некогаш по темница, некогаш без осветлување.

Неодамна, по 15 години, поминавме покрај тој ресторан, во склоп на бензинска.

Секогаш го избегнуваше.

За да не ѝ се врати она што таму го чувствуваше.

Кога поминавме, застана и рече:

„Погледни, ништо не се променило.

Колку години од животот оставив тука.

Кога заминав,

Никој не се сети да ме побара.

Да праша што се случи.

Добар си само додека трпиш и можеш.

Кога ќе паднеш,

Готово е.

Ќе најдат друга мазга.

Колку ли има такви како мојата мајка?

И колку наши мајки и татковци?

Работат и работеа за туѓо богатење.

Некогаш работници во фабрики.

После – бедници.

Препуштени на полу-светот што се збогати

За да ги гази.

„Ако не сакаш – Има друг“.

Секогаш има друг.

„А ти – цркни““.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Илариа Кирилов за CRNOBELO лексикон: „Среќна сум што си купив автомобил од парите што сама ги зарабо... „Идол ми е мојата мајка. Иако некогаш бев своеглава сега можам да ѝ симнам шапка...
„Мојата најдобра другарка мисли дека сум ѝ дадилка - веќе не сакам да ѝ го чувам бебето“ „Никој од нејзиното семејство, па ни нејзината мајка, не сака да ѝ помогне зашто...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg