„Мојата најдобра другарка мисли дека сум ѝ дадилка - веќе не сакам да ѝ го чувам бебето“
„Никој од нејзиното семејство, па ни нејзината мајка, не сака да ѝ помогне зашто не можат да пуштат бебето од раце - тоа веднаш почнува да плаче. Го сакам бебето, но не сакам тоа да ми е обврска. Па се прашувам дали сум лоша личност што веќе не сакам да ѝ помагам?“
Тешко е да ги одбиете пријателите кога ќе ви побараат услуга. Понекогаш ќе кажете „не“, а тие ќе го сфатат тоа како предавство или дека не ги поддржувате.
Но, како да прифатите ако нивните барања се нереални, а пријателите одамна ги надминале сите граници на пристојност?
Колку далеку можат да одат некои луѓе кога бараат „мали“ услуги од најдобрите пријатели, открива жена во својата објава на Редит.
Таа вели дека „станала“ дадилка на бебето на најдобрата другарка и се чувствува искористена.
Ова е нејзината објава:
„Мојата најдобра другарка ми е како сестра и секогаш си помагаме кога е потребно.
Таа има 10-месечно бебе и од почетокот ѝ помагам колку што можам, но во последно време тоа станува секојдневие.
Живееме на ист кат, една до друга, и таа постојано ме вика да го чувам нејзиното бебе.
„Треба да се истуширам, можеш ли да го подржиш? „Малку му е здодевно, ќе можеш ли да го почуваш?“
Има денови кога ми се јавува по неколкупати, па кога престанав да ѝ кревам, почна да ми доаѓа на врата и да бара услуга да го почувам.
Вчера имав работа, но таа ме замоли да го почувам „10 минути за да се истушира набрзина“.
Прифатив да биде тука 10 минути, но тоа се претвори во час и половина.
Притоа, нејзиниот син навистина не е „лесно“ бебе. Плаче неконтролирано во моментот кога ќе го спуштите и ќе се обидете да си играте со него.
Па, така, јас сум принудена да го држам цело време во раце, иако имам други обврски, но не можам да им се посветам.
Како и да е, вчера се чувствував малаксано, па го легнав и се обидував да му го одвлечкам вниманието со играчки.
Иако плачеше гласно, не можев да го држам во раце од страв дека ќе го испуштам.
Таа го слушнала плачењето, па се појави во мојот стан и луто ме праша зошто сум го оставила да плаче?
Ѝ ја објаснив ситуацијата и ѝ кажав дека е таа виновна што не го дисциплинирала и што не го остава да си игра сам.
Порано чував многу деца и ниедно не било вакво. Ова не е грешка на бебето, туку нејзина.
На тоа ми одговори: „Не сакам никогаш да го слушам моето бебе како плаче и не прифаќам ни ти да го оставаш да плаче“.
Тоа навистина ме налути, па ѝ кажав да си ангажира дадилка која ќе ѝ ги исполни сите нејзини барања.
А колку да знаете, никој од нејзиното семејство, вклучително и нејзината мајка, не сака никогаш да ѝ помогне поради фактот што не можат да остават од раце, ниту за секунда.
Исто така, нејзиниот сопруг има многу добро платена работа, па лесно можат да си дозволат да платат некој да го чува бебето.
Трето – апсолутно не ми пречи да ѝ помагам и го сакам нејзиното бебе, но не сакам тоа да ми е обврска, а уште помалку што таа се лути кога јас не ги правам работите на нејзин начин.
По ова се прашувам дали сум лоша личност што веќе не сакам да ѝ помагам?“
А. Ј. | Црнобело