„Со сопругот толку бевме фокусирани на децата, што заборавивме на нашиот брак“

Јас и сопругот толку бевме фокусирани на грижата за нашите деца, што заборавивме да се грижиме за нашиот брак. Па, почнавме еднаш неделно да одиме на состанок и тоа ни го спаси бракот...

so-soprugot-tolku-se-fokusiravme-na-decata-shto-bevme-kako-cimeri-a-ne-partneri-01.jpg

Една вечер, пред неколку години, седев во дневната со децата, на подот беа расфрлани играчки. Корпата со валкана облека беше преполнета, а во мијалникот имаше куп чаши и чинии.

Мојот сопруг си дојде од работа, се истушира, па дојде во дневната каде што бев јас.

Седна до мене, го зеде далечинскиот управувач и ја пушти серијата што и на двајцата ни е изгледана милион пати.

Децата си играа на подот, додека тишината помеѓу сопругот и мене почна да станува прегласна.

„Што се случи со нас“, го прашав сопругот додека нервозно си играв со конче од џемперот што го носев неколку денови.

Без многу размислување, ми рече: „Не знам, но и јас го чувствувам истото. Можеби бидејќи нашите деца се на проблематична возраст, па предолго го ставаме нашиот брак во втор план“.

so-soprugot-tolku-se-fokusiravme-na-decata-shto-bevme-kako-cimeri-a-ne-partneri-03.jpg

Ги средивме играчките, ги заспавме децата, па си легнавме и ние, разочарани.

Разочарани бидејќи повеќе изгледаше како да сме цимери отколку во брак.

Разочарани бидејќи престанавме да работиме на нашиот брак, но ни двајцата не знаевме како, зошто, па дури ни кога.

Разочарани што ни двајцата не се трудевме и тоа ни стана удобно.

Следниот ден се разбудив, ѕирнав во дворот и видов дека сопругот заминал на работа.

Додека одев кон бањата за да ги измијам забите, видов фотографија од нас направена пред неколку години, закачена на ѕидот.

Фотографијата е од романтичен состанок.

Се присетив на таа вечер и на тоа како се чувствував.

Најмивме дадилка, се дотеравме и излеговме на вечера во убав ресторан. Ги исклучивме телефоните и се фокусиравме само еден на друг.

Се трудевме за нас.

so-soprugot-tolku-se-fokusiravme-na-decata-shto-bevme-kako-cimeri-a-ne-partneri-02.jpg

Гледав во фотографијата.

Кога престанавме да се обидуваме?

Кога престанавме да одиме на романтични состаноци?

Во тој момент, додека ја гледав фотографијата, одлучив да почнам да одам на состаноци со сопругот.

Кога си дојде до работа, му реков да се истушира, да се облече и му кажав дека најмив дадилка.

Излеговме на вечера. Ги исклучивме телефоните.

Разговараме за работи кои не се нашите професии, децата или сметките.

Се држевме за рака и се гледавме во очи. Зборувавме за „фазата на цимери“ во која бевме заглавени и како да излеземе од неа.

И за момент, кога ме фати за рака, гласниот ресторан стана тивок. За момент, се почувствував како да сме само ние двајца.

Оттогаш, си ветивме дека нема да престанеме да одиме на романтични состаноци.

Од тој момент, си ветивме дека ќе имаме заедничка вечер еднаш неделно, без разлика дали ќе порачаме храна и ќе гледаме филм, или ќе најмиме дадилка и ќе излеземе.

Си ветивме дека ќе имаме време за нас, без телефони. Време за нас кога нема да зборуваме за децата, работните места и стресот.

Таа ноќ одново сфатив колку е важно да наоѓаш време за состанок со партнерот.

Таа ноќ се потсетив на тоа колку е важно не само да се грижиш за децата, туку и за бракот.

По таа ноќ, почнавме да флертуваме повеќе. Почнавме да планираме повеќе романтични вечери. Станавме парот за кој знаев дека можеме да бидеме. Се забавувавме.

Таа вечер, додека се држевме за раце во бучниот ресторан, ме потсети дека покрај тоа што сме мајка и татко, ни сепак сме сопруг и сопруга. И, тоа секогаш ќе биде исто важно колку и децата.

Не престанувајте да се забавувате со партнерот.

И, најважно, немојте толку многу да се фокусирате на децата што заборавате на вашиот брак.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Намерно се запуштав за да не излезам од дома, Скопје ме гушеше - едвај се извлеков од депресијата“ „Не миев коса со денови за да имам изговор - кај да одам со мрсна коса? Нок...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg