Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бегај од луѓето кои изигруваат жртви на проблемите кои сами ги креирале

begaj-od-lugjeto-koi-izigruvaat-zhrtvi-na-problemite-koi-sami-gi-kreirale-01.jpg

Сите ние барем еднаш во животот сме се соочиле со личност која постојано изигрува жртва.

Тоа се луѓе кои никогаш не се соочуваат со својата вина и секогаш ги обвинуваат другите за своите проблеми.

Таквото нивно однесување исцрпува на моменти и предизвикува емоционален стрес кај луѓето околу нив.

Препознајте го нивниот образец на однесување.

По нивните приказни ќе сфатите дека ним сè некој друг им згрешил.

Не им допуштајте да ве вовлечат во нивните проблеми. Често од вас ќе бараат емпатија и помош, а всушност немаат намера ништо да променат.

Тргнете се на страна од нивната емоционална драма и поставете јасни граници.

Научете да им кажете „не“, без чувство на вина. Ако постојано ги прифаќате нивните барања, тоа негативно ќе влијае на вас. Тргнете се од овој токсичен однос.

Не чувствувајте одговорност за нивните емоции. Тие си поигруваат со вас глумејќи жртва.

Мора да се потсетите дека не сте одговорни за нив и нивните избори. Секој е одговорен за своите реакции и емоции.

Отстапете кога е потребно, па ако треба и комплетно прекинете го контактот. На прво место мора да ви биде да си го сочувате својот духовен мир.

Извор фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Андријана Илиоска за CRNOBELO лексикон: „Сум живеела во 5 светски метрополи, но само Македонија е до... „По природа сум весел човек, но не обожавам кафеани. Секогаш кога одам, тоа...
Луѓето со невидлива пукнатина се кревки - од мал удар срцето ќе им препукне Ако чашата остане недопрена по првиот удар, втор удар дури и да не е пресилен, м...
Мудри совети од една баба: Не оди каде што не си поканет, не влегувај во туѓи спални Не зборувај за она за што не си запознаен, не го отворај фрижидерот по туѓи куќи...
Не сонуваат сите за приватен џет, слава и вили во животот За некои луѓе, вистинскиот успех е смирен ум, длабок и мирен сон, здраво тело, ф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg