Мудри совети од една баба: Не оди каде што не си поканет, не влегувај во туѓи спални

Не зборувај за она за што не си запознаен, не го отворај фрижидерот по туѓи куќи, давај и кога имаш малку и не очекувај ништо за возврат - мудри совети кои сите би ги добиле од нашите баби. 

mudri-soveti-od-edna-baba-ne-odi-kade-shto-ne-si-pokanet-ne-vleguvaj-vo-tugji-spalni-01.jpg

На социјалните мрежи вирално се шири објава со совети од нечија баба, во кои ќе се пронајдат многумина и ќе си помислат „истово би ми го кажала и мојата баба“.

Очигледно е дека нашите баби живееле во други времиња и по други правила, но голем број од нив, сепак треба да се почитуваат и ден-денес. 

Неколку совети од баба:

Не оди каде што не си поканет.

Не зборувај за она за што не си запознаен.

Не го отворај фрижидерот по туѓи куќи.

Не се јавувај некому по 21 часот навечер.

Не оди на гости за време на ручек.

Не влегувај во туѓите спални соби без дозвола.

Секогаш пуштај вода кога ќе завршиш со тоалетот.

Секогаш, секогаш кажувај ја вистината.

Те молам и благодарам се добри зборови – користи ги почесто.

Сакај ја душата на луѓето, не нивниот физички изглед – внатрешноста е тоа што е важно.

Давај од тоа малку што го имаш и не очекувај ништо за возврат.

Биди свесен/а за своите зборови – тие се важни.

Разбуди се и биди благодарен/а.

Моли се секојдневно, тоа ќе ти донесе мир во срцето и душата.

Извор

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Елката што ја украсуваме секоја година е многу стара, но за мене е посебна“ „Оваа елка е стара и има видено многу работи и многу ја сакам. Не би ја заменила...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...
„Намерно се запуштав за да не излезам од дома, Скопје ме гушеше - едвај се извлеков од депресијата“ „Не миев коса со денови за да имам изговор - кај да одам со мрсна коса? Нок...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg