Александар Тарабунов за CRNOBELO лексикон: „Бев многу немирен ученик“

„Ако имам времеплов би се вратил во 80-ти години, најплодните за музиката, а од бељи во детството издвојувам - со фудбал го скршив прозорецот на директорот во основно не сакајќи“ - Александар Тарабунов се потпиша во CRNOBELO лексикон. 

aleksandar-tarabunov-za-crnobelo-leksikon-bev-mnogu-nemiren-uchenik-01.jpg

Александар Тарабунов долги години се занимава со музика, потекнува од музичко семејство, а признава дека кога не е посветен на кариерата, ужива во животот и во дружба со пријателите. 

Навраќајќи се на деновите од детството, се присети дека бил немирен ученик, но сакал историја, а најдобро потрошени пари во животот вели дека му се на патувања. 

aleksandar-tarabunov-za-crnobelo-leksikon-bev-mnogu-nemiren-uchenik-10_copy.jpg

Александар Тарабунов се потпиша во нашиот лексикон:

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Се викам Александар и ме викаат Тара.

2. Колку години имаш и што си во хороскоп?

Имам 35 години и сум Близнаци во хороскоп, роден сум на 07.06.1989.

3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?

Немам една омилена, имам многу што ми се омилени, ајде ќе одвојам Hey - Julio Iglesias, омилен пејач Tom Jones, а пејачка Whitney Houston.

aleksandar-tarabunov-za-crnobelo-leksikon-bev-mnogu-nemiren-uchenik-07.jpg

4. А омилена книга?

Немам некоја омилена ама последна што ја читав ми се допадна Сад Гуру - Внатрешен инженеринг.

5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?

Ал Пачино, Мишел Фајфер, омилен филм - DUNE, серија - Prison break.

6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?

Тенис, немам омилен клуб, омилен спортист Новак Ѓоковиќ.

aleksandar-tarabunov-za-crnobelo-leksikon-bev-mnogu-nemiren-uchenik-04_copy.jpg

7. Имаш ли милениче? Како се вика?

Немам, порано чував кученца, хрчаци, зајак, ајкула, дракула…

8. Кој ти е среќен број?

7.

9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?

Тоа што сум денес.

aleksandar-tarabunov-za-crnobelo-leksikon-bev-mnogu-nemiren-uchenik-11.jpg

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?

Периодов сок од цедена калинка и моркови, а може и бело вино со добра паста.

11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?

Немам еден, не можам да издвојам.

12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Немирен ученик бев многу и омилен предмет ми беше историја.

aleksandar-tarabunov-za-crnobelo-leksikon-bev-mnogu-nemiren-uchenik-02.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Ако имаш проблем - моли му се на Бог, ако немаш проблем - моли му се на Бог Во животот секој од нас има миг во кој се соочува со проблеми и предизвици. ...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg