Мартинијан Кириловски за CRNOBELO лексикон: „Мајка ми ми е херој - жена со срце како планина“

„Би сакал да сум мачорот Том, од цртаниот филм „Том и Џери“. Едноставно ги обожавам лудориите во секојдневниот живот на тоа дуо кое израсна многу генерации“ - пејачот Мартинијан Кириловски се потпиша во лексиконот на CRNOBELO.com.

martinijan-kirilovski-za-crnobelo-leksikon-majka-mi-mi-e-heroj-zhena-so-srce-kako-planina-01.jpg

Пејачот Мартинијан Кириловски, кој се натпреваруваше во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ во 2019 година, а истата година победи на „Макфест“, подготвува нова песна која треба да излезе пред Нова година.

А додека ја чека промоцијата, тој се потпиша во нашиот лексикон и одговори на интересни прашања поврзани со неговото минато, но и омилените работи...

martinijan-kirilovski-za-crnobelo-leksikon-majka-mi-mi-e-heroj-zhena-so-srce-kako-planina-06.jpg

Прочитајте што напиша Мартинијан во лексиконот на CRNOBELO.com:

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Мартинијан Кириловски, прекар немам, но ако се смета кратенката од името, тогаш - Маки.

2. Колку години имаш и што си во хороскоп?

Имам 28 години, роден на 24.02.1996, во хороскопски знак Риби.

3. Која ти е омилена песна, пејач и пејачка?

Баш омилена песна немам, ама кога би морал да издвојам, би ја издвоил Deset mladja од Дино Мерлин. Пејач ми е Жељко Јоксимовиќ, а пејачка е Александра Радовиќ.

4. А омилена книга?

„Се гледаме на врвот“, од Коста Петров.

martinijan-kirilovski-za-crnobelo-leksikon-majka-mi-mi-e-heroj-zhena-so-srce-kako-planina-11.jpeg

5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?

Џорџ Клуни, Ана Де Армас, Interstellar, Peaky Blinders.

6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?

Фудбал, Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо - страстен навивач на истиот тим.

7. Имаш ли милениче? Како се вика?

Лабрадор, женка, се вика Зои.

8. Кој ти е среќен број?

23.

martinijan-kirilovski-za-crnobelo-leksikon-majka-mi-mi-e-heroj-zhena-so-srce-kako-planina-08.jpg

9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?

Дефинитивно единствен сон ми беше да бидам пејач и да се занимавам со музика и мислам дека тој сон ми се оствари.

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?

Кока Кола Зеро, пропратена со пилешко месо и компири, ммм омилено, а Богами и вкусно.

11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?

Тоа е другар ми Кристијан, со кој се дружиме уште од основно училиште, а тоа другарство трае и ќе трае.

12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Одличен ученик, чиј омилен предмет му беше историја. Сакав многу да дискутирам за историјата на нашата држава и за светската историја, секако.

martinijan-kirilovski-za-crnobelo-leksikon-majka-mi-mi-e-heroj-zhena-so-srce-kako-planina-09.jpeg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Лара Иванова за CRNOBELO лексикон: „Како дете си ја расеков брадата - лузната ја имам и денес“ „Во градинка бев заљубена во еден Мартин, но сега не знам каде е ниту што прави“...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg