Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува односот со партнерот“

„Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на крај ме молеа да престанам. Кога ќе предизвикаш добар човек, најчесто гневот е огромен и тепањето е појако од очекуваното. По некое време и двете девојчиња сакаа да ми бидат другарки“ - напиша Елена Ристеска во нашиот Лексикон.

elena-risteska-za-crnobelo-leksikon-ljubovta-na-moite-roditeli-mi-e-primer-kako-da-se-odrzhuvaat-odnosite-so-partnerot-01.jpg

Пејачката и текстописец, Елена Ристеска, која има и своја козметичка линија, вели дека како дете сакала да биде Покахонтас, а денес ѝ е желба да е Робин Худ за да им помага на сиромашните колку што може повеќе.

Таа во нашиот лексикон раскажа за непријатноста во основно училиште кога двапати ја нападнале девојчиња на нејзина возраст, па Елена ги натепала, ни откри колку миленичиња има, кое ѝ е омиленото место во светот, но и кои ѝ се омилените песни, филм, книга...

Прочитајте што напиша Елена во лексиконот на CRNOBELO.com:

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Се викам Елена, блиските на шала ме викаат Ленка.

2. Колку години имаш и што си во хороскоп?

Имам 38 години, родена сум на 27 април 1986 година, во Скопје. Бик сум во хороскоп, со подзнак Девица.

3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?

Многу е тешко музичар да го прашаш за омилени пејачи и песни, затоа што секој музичар слуша различна музика и стилови и така се инспирира за креирање на својата музика. И секако, музичарите уживаат во музика, во сите стилови.

Ама да речеме дека од all time favourites омилена ми е Wicked Game od Крис Ајзак, една од оние песни што кога ќе почне, веднаш ми доаѓа убаво на душата каде и да се наоѓам - има некоја магија во песната.

Омилена пејачка уште од дете ми е Витни Хјустон, а пејач е легендарниот Стиви Вондер.

Омилена група ми е Coldplay. Вокално неприкосновена ми е Лиза Фишер, која не е позната, меѓутоа тој глас еднаков на инструмент и таа страст додека пее е нешто од кое можат да учат сите.

Од поновите генерации ми се допаѓа како вокал Рита Ора, а Дуа Липа и Ријана како перформери, потоа Рори Чарлс Грejaм од Rag'n'Bone Man како специфичен вокал, Black Pumas како група и вокал Ерик Бартон. Има уште многу омилени песни и пејачи. 

elena-risteska-za-crnobelo-leksikon-ljubovta-na-moite-roditeli-mi-e-primer-kako-da-se-odrzhuvaat-odnosite-so-partnerot-06.jpg

4. А омилена книга?

Не можам да кажам дека ми е омилена, ама книга што ми смени премногу во погледите на животот е „Моќта на потсвеста“ од Џозеф Марфи, особено за тоа колку умот и визуелизацијата се моќни кај секој од нас и сè што сакаме можеме да го оствариме, само треба детално да го замислиме, да го визуелизираме и замислиме како слика и чувство и во одреден момент ќе се оствари баш така како што е замислено и посакано.

5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?

Од трилер сериите најомилена ми е The Blacklist која има 10 сезони и криво ми е што нема повеќе. Од истата серија омилен лик ми е Рејмонд Редингтон и се работи за совршени сценаристи штом напишале таква легендарна улога.

Воедно, истиот глумец ми е глумец на сите времиња - Џејмс Спајдер.

Од трилер сериите мора да ја погледнете и The Sinner со Џесика Бил.

Најомилена серија на сите времиња, кога зборуваме за комедии, односно мојот омилен жанр, ми е How I Met Your Mother

Глумица која одлично глуми без да зборува низ текот на целиот филм ми е Моника Белучи во Malena. Меѓутоа имам повеќе глумици кои ми се омилени.

Филм кој ми е омилен со најоригинална идеја ми е Limitless.

6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?

Не сум некој фан на гледање спортови, освен кога игра Македонија како репрезентација во кој било спорт - тогаш ми е гордост и навивам за своите.

Обожавам да спортувам - тенис, фитнес, планинарење и јога. Тоа е мојата омилена четворка меѓу спортовите.

elena-risteska-za-crnobelo-leksikon-ljubovta-na-moite-roditeli-mi-e-primer-kako-da-se-odrzhuvaat-odnosite-so-partnerot-05.jpg

7. Имаш ли милениче? Како се вика?

Имам три миленичиња, двете се Валери која има скоро 18 години и Чарли односно Чаче кој има 13 години ѝ е нејзин син, а најмалото кое има 10 месеци, се вика Лав (Love) и нагалено го викаме Лавче - многу мило и љубовно кутре како неговото име.

8. Кој ти е среќен број?

1, 2 и 3 ми се среќни броеви. Особено кога се дуплираат - 11, 22, 33 итн.

9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?

Тоа што сум денес отсекогаш и сакав да бидам - пејачка и автор.

Меѓутоа, во помлади години сакав да бидам и уште едно 10 професии, како глумица, професорка, спортистка итн... впрочем како и секое дете.

elena-risteska-za-crnobelo-leksikon-ljubovta-na-moite-roditeli-mi-e-primer-kako-da-se-odrzhuvaat-odnosite-so-partnerot-12.jpg

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?

Омилени пијалаци ми се Кајпирошка од јагода и џин тоник, а бидејќи не сум многу по алкохолот, најомилен пијалак ми е вода.

Од храна омилени ми се сите слатки на база на ф’стак, цезар салата и лосос.

11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?

Иако сум била многу дружељубива и сум имала премногу пријатели и во нив сум имала верба до бескрај, како проаѓаат годините останаа само неколку вистински другари и другарки кои се бројат на една рака.

И со нив се дружам повеќе од 15 години. Некои од нив пократко ги познавам, ама ми се поблиски од повеќето.

12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Бев одличен ученик со сите петки, а на факултет се стремев кон што повеќе десетки. Амбицијата е нешто што ме отсликува отсекогаш.

Омилен предмет како дете ми беше ликовно, уживав максимално во цртањето и дома и на час.

elena-risteska-za-crnobelo-leksikon-ljubovta-na-moite-roditeli-mi-e-primer-kako-da-se-odrzhuvaat-odnosite-so-partnerot-02.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Ако имаш проблем - моли му се на Бог, ако немаш проблем - моли му се на Бог Во животот секој од нас има миг во кој се соочува со проблеми и предизвици. ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg