Паметам кога бев малечок, уште во зорите на ладното зимско утро ќе ме разбудеа првите коледари, а баба ми спремна уште од претходниот ден со полна корпа овошје, костенчиња и колачи ќе ги пречекаше пред вратата. „Ајде ајде влезете, не се срамете и погласно пејте.“ – беа дел од нејзините коментари. А потоа од кога ќе им дадеше од се по нешто знаеше да ги праша – „Чиво си бре ти?, не ми си нешто познато, од нашата улица си?“