Македонските народни приказни нѐ научија дека Господ секогаш води сметка за нашето однесување, па лошите ги казнува, а добрите ги наградува. Ѓаволот, пак е неговиот најголем непријател, а и на човекот исто така. Која трансформација на актерите во приказните ви остави најголем впечаток?
Првата 10-ка никогаш не се заборава, тоа е таа гордост и мотивација. Во моите студентски денови, имаше кафуле во „Мавровка“ кое ги честеше кафе сите студенти кои ќе покажеа 10-ка во индексот.
„И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево. Ми студи. Дува некој чуден ветер и искрено немам некое убаво чувство. И месецот е таков. Намуртен, сив, безличен и многу тажен. Жалам што одам во Крушево за да го посетам неговиот гроб.“
Во моето семејство традиција беше правењето на зелник. По рецептот на баба ми. Направен од нејзините раце. Самиот чин на правење на зелник во мојот дом беше еднаков на права шпанска серија со највисок рејтинг. Баба ми веднаш ќе ја ставеше кујнската престилка и ќе го истуреше брашно на масата. Потоа, ќе почнеше да го меси тестото применувајќи ги сите свои вештини и знаења, мислејќи си дека е во некое телевизиско шоу за готвење и дека целата држава ја гледа нејзината мајсторија.
На многу мала возраст му бил дијагностициран дијабетес. Неговите родители правеле сè што можат за да го излекуваат своето дете, но за жал на десет години тој го загубил видот. Замислете колкав товар носел на својот грб. Да си дете, а да имаш толку препреки пред себе. Да одиш на училиште, без да можеш да трчаш во училиштниот ходник како сите други деца. Да не ја гледаш зелената табла во училницата на која е испишана новата лекција или, пак, уште пострашно, да не можеш да го гледаш светот со сите негови убавини.
Малото гратче Аминдеон, се наоѓа во соседна Грција, оддалечено на само еден час од Битола. Секоја година во октомври таму се одржува панаѓур, а искуството беше незаборавно: евтина облека, вкусни специјалитети и дружење – тоа беше искуство што вреди да се доживее.
Лоли Санчез, актерката која го глумеше ликот на слугинката Росаура во една од најпопуларните теленовели на сите времиња, „Касандра“, денес изгледа непрепознатливо. Таа зад себе има богата актерска кариера, но токму овој лик ја одбележа нејзината кариера.
Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат. Можеш само да им го забавиш процесот на заминување ако им се понижуваш, им го храниш егото, им се закануваш или пак им прогледуваш низ прсти, им го даваш тоа што го имаш и максимум што знаеш и умееш.
Ну, погоди зајец! – Колкумина од вас се сеќаваат на времињата кога на телевизија се емитуваа овие цртани?
„Порано не се учеше школо, се учеше занает“ – често знае да каже мојот 82-годишен дедо. Да се биде занаетчија, да се знае занает, било чест и гордост. Денес, низ скопската чаршија можат да се видат само уште неколку...
Денешниот празник 11-ти Октомври не е само неработен ден на кој со задоволство ќе отпатуваме некаде за да прошетаме, туку ден на храброста. Ден на пожртвуваноста и копнежот за слобода...
Студентскиот живот е академија на животот. Сметам дека самиот процес на студирање е една добра подготовка за истиот. Лекција исполнета со многу предизвици и искушенија кои пред сè имаат...
Кој растел со баба, знае како таа скришно дава пари, чиниш е наркобос. Далеку од очите на дедо, мама и тато, со банкнотата свиткана и превиткана да...
„Тебе штркот те донесе кај мама и кај татко!“ , „Ако си умен Дедо Мраз ќе ти донесе подароци“... Кои се лагите од Вашите родители во детските денови? Кои лаги најчесто ги кажувате вие како родители?
Колачиња со путер и мармалад, гурабии, пиварки, ежиња... Се сеќавате ли на слатките што ги подготвуваа нашите баби и мајки? А се сеќавате ли на ѕидната вага, која служеше за мерење на состојките?
Многу легенди, митови и вистински приказни се раскажуваат и пренесуваат од колено на колено за постоењето на места кои со својата света моќ го кријат спасот на многу жени кои не можат да имаат деца. И на македонска територија има многу вакви места, за кои се верува и се раскажува дека донеле среќа на многу жени и семејства кои со години не можеле да имаат деца. Прочитајте за 3 такви места во нашата држава...
На ќерка ми ѝ облеков фустанче у хулахопчиња, ѝ ја средив фризурата и тргнавме. По пат падна и ги скина хулахопките. Но, она што ме изненади беше тоа што не плачеше затоа што ја болеше повреденото колено, туку затоа што ги скинала хулахопките: „Леле, мамо, си ги скинав хулахопките, сега сите ќе ми се смеат.“ Колкав товар носат нашите деца и дали како родители навистина им помагаме?
Ах, се сеќавате ли кога секој разговор почнуваше со иста шема: Zdr - Zdr. ASL PLS - 15 f Skopje. U? 17 m Struga? ASL PLS беше кратеница од age, sex and location, please, или години, пол, локација, те молам.