Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“

Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни е симпатија и дали веќе сме го имале првиот бакнеж? А толку многу сакавме да знаеме дали му се допаѓаме на оној/онаа што ни се допаѓа нам. Своите тајни ни ги откри Стефан Лазаров во првиот CRNOBELO лексикон.

leksikon-01.jpg

Прашањата од лексиконот се одличен начин да дознаеме нешто повеќе и за нашите омилени личности од јавниот живот.

Првиот CRNOBELO лексикон го одговара јутјуберот Стефан Лазаров, кој откри како му се викала првата симпатија, се сеќава ли на првиот бакнеж, дали некогаш се степал...

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Стефан, порано ме викаа Стеф, сега Лазаров.

2. Колку години имаш и што си во хороскоп?

26, Рак (18 јули 1997).

3. Која ти е омилена песна? Пејач и пејачка?

„Да полетам“ - Слаткар.

4. А омилена книга?

„Гол човек“ од Игор Џамбазов.

5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?

Бред Пит, Troy, Squid Game.

stefan-lazarov-za-crnobelo-leksikon-mi-ja-dupnaa-glavata-so-stap-kako-dete-05_copy.jpg

6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?

Фудбал, FC Barcelona, Меси.

7. Имаш ли милениче? Како се вика?

Имам куче, бишон. Се вика Нала.

8. Кој ти е среќен број?

5.

9. Кој ти е омилен виц?

Стварно немам...

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?

Протеин со овес, замрзнато овошје и цимет. Од храна – лазањи.

stefan-lazarov-za-crnobelo-leksikon-mi-ja-dupnaa-glavata-so-stap-kako-dete-07_copy.jpg

11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?

Васил Мандаровски, повеќе од 5 години.

12.  Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Во предметите што ме интересираа бев добар. Сакав многу математика, но омилен ми беше физичко.

13Кој ти е идол, а да не е позната личност?

Немам.

14. Кога би можел да си лик од цртаните, кој лик би сакал да бидеш?

Супермен.

15. Најголема беља што си ја направил во детството?

Искршив стакло од врата додека игравме фудбал, не бев многу немирно дете во принцип.

stefan-lazarov-za-crnobelo-leksikon-mi-ja-dupnaa-glavata-so-stap-kako-dete-04.jpg

16. Дали некогаш си се степал?

Ми се има случено, да. Во трето одделение додека игравме фудбал се степав со соученик и мајка ми ме префрли во друго одделение. Ми ја дупнаа главата со стап, ха, ха, ха.

17. Што правиш во слободно време?

Немам слободно време годинава...

18. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?

Не би сакал да се вратам, супер ми е во моментот во којшто живеам.

19. Што немаш, а би сакал да имаш?

Куќа, убав двор, две дечиња. Но, ќе си дојде и тоа за некоја година.

20. Дали досега си бил вљубен? Во кого?

Па со оглед на тоа дека имам веќе и сопруга, одговорот е Марта.

stefan-lazarov-za-crnobelo-leksikon-mi-ja-dupnaa-glavata-so-stap-kako-dete-06.jpg

21. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?

Се вика Вики, искрено не знам каде е и што прави. Од основно ја немам видено.

22. Се сеќаваш ли на првиот бакнеж? Каков беше?

Беше срамежлив. Повеќе се срамев јас, се скривме во паркот зад мојата зграда и откако се случи потоа ми беше срам да седиме заедно на клупа. Дете смотано...

23. Како ти се викаше првата девојка?

Марта.

24. Која песна те потсетува на неа?

Мојата песна, „Ти“.

stefan-lazarov-za-crnobelo-leksikon-mi-ja-dupnaa-glavata-so-stap-kako-dete-02_copy.jpg

Што би го прашал ти сопственикот на овој лексикон (CRNOBELO.com)?

Стефан: Која од јавните личности ви е најинтересна за интервју?

CRNOBELO.com: Оние кои секогаш со задоволство откриваат нешто ексклузивно за нашиот сајт.

stefan-lazarov-za-crnobelo-leksikon-mi-ja-dupnaa-glavata-so-stap-kako-dete-03.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Ако имаш проблем - моли му се на Бог, ако немаш проблем - моли му се на Бог Во животот секој од нас има миг во кој се соочува со проблеми и предизвици. ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Лара Иванова за CRNOBELO лексикон: „Како дете си ја расеков брадата - лузната ја имам и денес“ „Во градинка бев заљубена во еден Мартин, но сега не знам каде е ниту што прави“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg