Александра Шијакоска за CRNOBELO лексикон: „Свекрва ми ми е идол“

„Ако имам времеплов би се вратила само во средно училиште. Најубавите четири години од мојот живот“, вели Александра Шијакоска Весели, која се „потпиша“ во лексиконот на CRNOBELO.

aleksandra-shijakoska-za-crnobelo-leksikon-svekrva-mi-mi-e-idol-02_copy.jpg

Вториот CRNOBELO лексикон го одговара инфлуенсерката Александра Шијакоска Весели.

Таа ни откри дека нејзиниот омилен виц го научила од дедо ѝ, која е најголемата беља што ја направила како дете и дали се тепала со врсниците...

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Александра, во основно ме викаа Шијак.

2. Колку години имаш и што си во хороскоп?

30, за брзо 31. Родена сум на 5 март 1993, а во хороскоп сум Риби.

3. Која ти е омилена песна, пејач и пејачка?

Од мала ги слушам ДНК, Врчак, Тамара и Тоше и ги знам сите нивни песни. Омилени ми се сите нивни песни.

4. А омилена книга?

„Пиреј“, Петре М. Андреевски. 

aleksandra-shijakoska-za-crnobelo-leksikon-svekrva-mi-mi-e-idol-05_copy.jpg

5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?

Анџелина Џоли, засекогаш. Серија Charmed.

6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?

Фудбал, Real Madrid, Роналдо.

7. Имаш ли милениче? Како се вика?

Имав во средно школо сибирски самојед, се викаше Лео.

aleksandra-shijakoska-za-crnobelo-leksikon-svekrva-mi-mi-e-idol-06.jpg

8. Кој ти е среќен број?

Три.

9. Кој ти е омилен виц?

Дедо ми има еден кој го кажува на сите. Негов е, смислен: „Каде е жената најцрна?“ ха, ха.

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?

Моментално пијам само вода. Од храна - стек и ориз.

11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?

Имам многу и не би издвоила еден, со сите се дружам 15+ години.

12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Одличен со сите петки освен математика. Француски јазик ми беше омилен предмет.

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?

Свекрва ми.

aleksandra-shijakoska-za-crnobelo-leksikon-svekrva-mi-mi-e-idol-04_copy.jpg

14. Кога би можела да си лик од цртаните, кој лик би сакала да бидеш?

Брзата птица итрица.

15. Кои ти беа најомилени игри во детството?

Криенка, ластик, собирање и разменување сликички.

16. Најголема беља што си ја направила во детството?

Ја дупнав главата прескокнувајќи ограда.

17. Дали некогаш си се степала?

Многупати. Ми требаше време да пораснам и да сфатам дека сè се решава со разговор.

18. Што правиш во слободно време?

Моментално немам баш слободно време, а тоа што го имам или одам кај дедо ми во село, или се дружам со другарите и другарките.

aleksandra-shijakoska-za-crnobelo-leksikon-svekrva-mi-mi-e-idol-09.jpg

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакала да се вратиш?

На ова сум помислила многупати и би се вратила само во средно школо. Најубавите четири години од мојот живот.

20. Што немаш, а би сакал/а да имаш?

Како дете немав ништо, а моментално имам сè што е доволно за среќа, па не барам ништо повеќе, туку се заблагодарувам за тоа што го имам.

21. Од што се плашиш?

Од ништо. Сите стравови кои ги имам ми се остварија.

22. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?

Првиот симпатија ми беше во основно, не знам каде е сега.

aleksandra-shijakoska-za-crnobelo-leksikon-svekrva-mi-mi-e-idol-08.jpg

23. На која песна откачуваш во кафеана?

На некоја „шабанска“.

24. Најдобро потрошени пари во животот?

Сите потрошени на пријателите, внуците и семејството. Подароци, ручеци, дружби.

25. Кое е најубавото место на светот?

Дома, во Македонија со саканите.

aleksandra-shijakoska-za-crnobelo-leksikon-svekrva-mi-mi-e-idol-07.jpg

Што би го прашала сопственикот на овој лексикон (CRNOBELO.com)?

Александра: Кога би имале можност да промените нешто во светот, што би било тоа?

CRNOBELO.com: Па, би тргнале од неколку промени кај нас, во нашава земја: Би сакале да немаме загаден воздух, да имаме повеќе природа и зеленило за кое ќе се грижиме сите. Би го дотерале образованието да биде на ниво како од 90-тите, помалку технологија, повеќе дружење надвор. Помалку политика, повеќе знаење... Да нема глад и сиромаштија...

aleksandra-shijakoska-za-crnobelo-leksikon-svekrva-mi-mi-e-idol-10.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Лара Иванова за CRNOBELO лексикон: „Како дете си ја расеков брадата - лузната ја имам и денес“ „Во градинка бев заљубена во еден Мартин, но сега не знам каде е ниту што прави“...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg