Нова година некогаш и сега: Сè се смени, останаа исти само руската салата и кифличките

Иако скоро сè се смени во поглед на славењето на Новата година, трпезата остана иста. И кога имав пет, десет, дваесет и сега во мојот дом, далеку од Македонија, ги подготвувам истите македонски традиционални специјалитети без кои не може да се замисли ноќта на 31 декември - сарма, тазе месени кифлички и руска салата...

nova-godina-nekogash-i-sega-se-se-smeni-ostanaa-isti-samo-ruskata-salata-i-kiflickite-01.jpg

Некогаш се знаеше, дочекот на Новата година беше причина за собир на целата фамилија, а под фамилија мислам на тетки, стрини, вујни, чичковци, најмалку десетина братучеди и, секако, главните – баба и дедо.

Плус и пријатели кои сметаме дека ни се како семејство. Се бираше една поголема куќа и сите на куп!

Сега, пак, во потесниот круг на семејството, ретко да се покани некој дома. Славењето почнува на фенси „afterwork“ забава, а продолжува во некој бар, клуб или ресторан, за оние кои за жал останале дома.

Другите, уште во септември бираат новогодишна дестинација, Белград, Истанбул, Будимпешта, Виена или Прага - тоа се нуди низ македонските туристички агенции. Секоја година, иста понуда. Се менува само цената.

Хартиени капи од целофан, шарени лампиони и рачно изработени украси

Пред повеќе од дваесеттина години, кога бев дете, Нова година за мене беше синоним за декорации, многу бои и балони, нова облека, многу пакетчиња под елката и честитки од најблиските.

Уште на почеток на декември почнував нетрпеливо да ѝ досадувам на мајка ми да ја китиме елката. И секоја година, традиционално, моравме да купиме барем по неколку нови лампиони и со нив да го почнеме китењето на елката.

Се сеќавам на големата продавница за украси и подароци, „Бамбус Оаза“ во центарот на Скопје. Беше вистински шарен и светкав рај за моите детски очи и душа.

Со часови можев да талкам низ полиците и да избирам лампиони, ги имаше во сите бои, форми, големи, со светки и без, во форма на Дедо Мраз и ирваси и, секако, златните ѕвончиња со црвена панделка.

А, и на градскиот плоштад имаше многу тезги кои беа мамка за моето внимание. Се сеќавате на целофанските капи во форма на голем конус? Тие беа неизбежен дел од новогодишните подготовки!

И секако, викендот пред дочекот моравме да го посетиме и новогодишниот панаѓур и да одбереме нова облека. Никогаш не разбрав зошто купуваме нова облека за 31 декември, ама бидејќи сакав да одам на пазарење, не ни прашував многу.

Сега се китат бели или розови елки, лампионите во една, максимум две бои, црвена и златна, бела и зелена, темносина и сребрена или за љубителите на розовата боја, сè во тон на Барби.

Кога бев дете се знаеше, „све ми боје, лепо стоје“, колку пошарено, толку повесело, толку поубаво!

Боевме макарони и ги нижевме на конец и ги редевме на елката или на плафоните. Плус, неколку метарските синџири направени од разнобојна хартија.

Со часови јас и сестра ми сечевме ленти, па ги лепевме во кружна форма за да добиеме синџир кој потоа ја красеше елката. Колку беше тој подолг, толку ние бевме посреќни.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Намерно се запуштав за да не излезам од дома, Скопје ме гушеше - едвај се извлеков од депресијата“ „Не миев коса со денови за да имам изговор - кај да одам со мрсна коса? Нок...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg