Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Не сме изморени од животот - Изморени сме од разочарувања и да нè повредуваат другите

Не сме изморени од животот, изморени сме да гледаме назад, постојано да гледаме во минатото, да бараме минати златни времиња и да страдаме по некои подобри денови кои никогаш нема да се повторат.

ne-sme-izmoreni-od-zhivotot-izmoreni-sme-od-razocharuvanja-i-da-ne-povreduvaat-drugite-01.jpg

Не сме изморени од животот, изморени сме од разочарувањата, повредите и предавството на другите, изморени сме од нечовечкото однесување.

Изморени сме од самосожалување во кое се гледаме само како жртви на околностите и на другите луѓе, без никаква можност самите да смениме нешто.

Изморени сме од постојаните стравови дека ќе паднеме, ќе изгубиме, ќе бидеме изманипулирани, напуштени, па на крајот гледаме дека сме заглавени во некој ќорсокак без можност да видиме подобро утре.

Не сме изморени од животот, изморени сме да гледаме назад, постојано да гледаме во минатото, да бараме минати златни времиња и да страдаме по некои подобри денови кои никогаш нема да се повторат.

Изморени сме од чувството дека секогаш ни недостасува нешто за да бидеме комплетни, среќни и силни.

Изморени сме од зборовите што ги кажавме и сфативме дека не ни донесоа ништо добро, нè изморува и да очекуваме дека утре животот ќе биде подобар и ќе продолжува на ист начин како и досега.

Не сме изморени од животот, изморени сме да им докажуваме на другите дека сме во право, да ги докажуваме нашите идеи, соништа, религиозни убедувања.

Изморени сме од чувството на инфериорност, грижи, страв, постојано повторување на истите грешки без да научиме ништо од нив.

Не сме изморени од животот, желни сме за живот, желни сме за тие убави чувства, желни сме за внимание, нежност, убави зборови, желни некој да каже дека нè сака и да ни возврати на љубовта.

Но, живеевме премногу во сенка, во темната страна, исплашени дека само тоа е животот и дека нема други можности.

Сакаме да се потпреме на нечие рамо, да слушаме нечиј глас и да слушаме нечие срце - тоа е единственото нешто за кое вреди да се живее.

Го сакаме тоа!

Извор

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Ване Маркоски за CRNOBELO лексикон: „Му ја вадев душата на дедо ми од правење бељи“ „'Какви ги има, ти си супер' е најсмешниот комплимент што некогаш сум го до...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg