Не чекајте да остарите за да почнете вистински да живеете

Таа на 5 години во огледало гледа принцеза, на 20 е незадоволна од изгледот, на 60 се огледува и ѝ текнува на сите луѓе кои веќе никогаш нема да се видат во огледало, па сака да надомести за сè што пропуштила...

ne-chekajte-da-ostarite-za-da-go-stavite-violetoviot-sheshir-na-glava-i-da-pochnete-vistinski-da-zhiveete-01.jpg

Како изгледа животот на една просечна жена низ различни животни фази, почнувајќи од промените во начинот на кој се гледа себеси и светот околу неа? Како нејзините приоритети и мисли се менуваат со текот на годините?

Кога ќе наполни пет години, ги облекува чевлите на мајка си со високи потпетици, се врти пред огледалото и гледа принцеза.

Кога има 15 години, гледајќи се во огледало, гледа незадоволна Пепелашка.

Кога ќе наполни 20 години, додека се гледа во огледало, мисли дека е премногу дебела или преслаба, прениска или превисока, но и така незадоволна излегува и добро се забавува.

ne-chekajte-da-ostarite-za-da-go-stavite-violetoviot-sheshir-na-glava-i-da-pochnete-vistinski-da-zhiveete-03_copy.jpg

Кога има 30 години, таа сè уште се гледа себеси во огледалото премногу слаба или премногу дебела, прениска или премногу висока, претешка или премногу лесна, но не размислува за тоа бидејќи нема време ни да размислува. Од дома излегува само кога треба или кога оди на работа.

На 40 години, таа сè уште го гледа истото, премногу слаба или премногу дебела, премногу ниска или превисока, премногу трома или прелесна, но си вели дека не ѝ е грижа, па излегува и се дружи со многу мала и внимателно избрана група луѓе.

Кога има 50 години, се погледнува во огледало и вели: „Јас сум јас“ и храбро чекори низ животот.

Кога има 60 години, се огледува и се сеќава на сите луѓе кои никогаш веќе нема да се видат во огледало и кои ги нема. Ја напушта куќата и сака да надомести сè што пропуштила, сака да го освои светот.

ne-chekajte-da-ostarite-za-da-go-stavite-violetoviot-sheshir-na-glava-i-da-pochnete-vistinski-da-zhiveete-02.jpg

Кога има 70 години, се гледа во огледалото и гледа мудрост, радост и искуство. Излегува од дома и ужива во животот.

Кога има 80 години, не ѝ е грижа што гледа во огледалото.

Таа едноставно облекува што ќе фати под рака, го става виолетовиот шешир на главата и ја напушта куќата за да ужива во радостите и задоволствата на светот.

Можеби сите треба да го ставиме тој виолетов шешир многу, многу порано.

Извор

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Елката што ја украсуваме секоја година е многу стара, но за мене е посебна“ „Оваа елка е стара и има видено многу работи и многу ја сакам. Не би ја заменила...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg