Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте...

„Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете во справувањето со моите премногу брзи малечки деца. И тоа беше необичен подарок. Тоа беше еден од најдобрите што некогаш сум ги добила...

vo-svet-kade-shto-ne-se-gleda-beskonechniot-tezhok-tovar-na-majkite-vie-go-zabelezhavte-01.jpg

Можеби нема да се сеќавате на мене и на моето 1-годишно и 2-годишно дете. И, се разбира, и тие нема да ве паметат. Но јас да, и ќе ве паметам понатаму. Веројатно многу долго време. Можеби дури и засекогаш.

Денот кога ни се вкрстија патиштата е ден кој ќе го ценам секогаш.

Тоа беше типично утро со трчање со моите деца. И претпоставувам дека беше типичен работен ден за вас. Мојата коса беше до половина средена, мојата мајчинска униформа (блузон и хеланки, се разбира) веројатно имаше свеж сок од јаболка, а моите мали деца беа, па… мали деца.

И на нив и на мене, ни фалеше сон. Видете, најстарото е во фаза на штрајк со дремка, додека најмалото поминува низ голема вознемиреност од разделување пред спиење. Со други зборови, веќе одредено време никој од нас не е добро одморен.

За мене не станува збор само за физички добро одморена, туку ментално и емоционално. Затоа што животот со две мали човечиња, иако е убав, прекрасен и секогаш забавен, е тежок.

drag-stranecu-vo-svet-kade-shto-chestopati-ne-se-gleda-tovarot-koj-go-nosat-majkite-vie-me-vidovte-vo-celiot-moj-nered-so-moite-deca-i-mi-dadovte-nadezh-i-ohrabruvanje-02.jpg

Го видовте хаосот

Сигурна сум дека го видовте (и слушнавте) хаосот чисто како ден. Но, исто така ме видовте мене. Мајка. Жена која едноставно го прави најдоброто за нејзините малечки.

Обидувајќи се да ги задржам моето 1-годишно и 2-годишно дете на едно место. Или барем и двете да ми бидат во видикот. Обидувајќи се да ги задржам моите љубопитни истражувачи да не избегаат во соседната соба.

Да ги задржат малите раце кај себе и да не прават неред, да го задржам мирот и сите да бидат среќни и забавувани, и да бидам тука за двете малечки одеднаш. Да го задржам сето тоа заедно.

Во свет каде што честопати не се гледа бесконечниот, тежок товар кој го носат мајките, вие видовте. Вие ме видовте. Ја видовте мојата работа, ме забележавте.

„Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете во справувањето со моите премногу брзи малечки. И тоа беше необичен подарок. Тоа беше еден од најдобрите што некогаш сум ги добила.

Продолживте да прашувате дали во одреден момент сум била учителка (јас бев). Го пофаливте начинот на кој зборував на и со моите деца. Јазикот. Дијалогот.

Ја пофаливте мојата способност да се ангажирам со моите малечки и нивната игра. Да ги водам и да ги негувам. Исто така, ги пофаливте и нив. Ја поздравивте нивната весела енергија. Нивниот вокабулар и гласност. Нивното пријателство и топлина.

drag-stranecu-vo-svet-kade-shto-chestopati-ne-se-gleda-tovarot-koj-go-nosat-majkite-vie-me-vidovte-vo-celiot-moj-nered-so-moite-deca-i-mi-dadovte-nadezh-i-ohrabruvanje-03.jpg

Ме потсетивте дека правам разлика

Правејќи го ова, ме потсетивте дека мојата работа како мајка прави разлика. Дури уште повеќе, дека ја завршувам работата целосно. Дека не поминувам само така. Дека моите деца не поминуваат само така. Дека јас успевам. А тие напредуваат.

Можеби најважното, направивте да се чувствувам видена. Слушната. Ценета. Вреднувана. Ме потсетивте дека сите мали моменти што ги минувам како мајка се нешто забележливо. Нешто посебно, важно, незаменливо.

И колку и да звучи чудно, бев изненадена од вашиот срдечен гест со комплименти за моето мајчинство, во тој обичен ден, фокусиран на децата. Најверојатно не ја изразив вербално мојата благодарност за вашата добрина толку колку што требаше, но се надевам дека ја почувствувавте.

Она што ми го кажавте беше редок благослов. И тоа случајно во утро во средина на неделата, ми требаше повеќе отколку што можете да сфатите. Или можеби сфативте колку ми требаше. Не знам.

Сепак и не е важно. Она што е важно е љубезноста што немавте потреба да ми ја покажете – на мене, на случајна мајка која дури не ја ни познавате.

Па, драг странецу, ти благодарам. Од дното на моето срце. За тоа што ме виде во целото мое мајчинство – неред и магија – и што избра да ми дадеш надеж и охрабрување во целиот хаос.

На мајките од целиот свет им треба повеќе охрабрување од луѓе како вас.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg