Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“

„Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила со неа, сум ги фрлала цвеќињата и сум викала среќна Нова година“ - Тијана Дапчевиќ се потпиша во лексиконот на CRNOBELO.

tijana-dapchevikj-za-crnobelo-leksikon-mu-skrshiv-zab-na-devojche-vo-petto-oddelenie-01.jpg

Тијана Дапчевиќ ни откри каков ученик била, кој бил поголем „бељаџија“ - таа или сестра ѝ Тамара, кога се заљубила првпат, ама и кој ѝ го украл срцето пред 15 години...

Пејачката одговори на прашањата од лексиконот на CRNOBELO:

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Тијана, а овде некои ме викаат Тикси, некои Тијанска.

2. Кога си родена и што си во хороскоп?

Имам 47 години, родена сум на 3 февруари 1976-та. Во хороскоп Водолија, а во подзнак Вага.

3. Која ти е омилена песна?

Le Belle Dame Sans Regrets.

tijana-dapchevikj-za-crnobelo-leksikon-mu-skrshiv-zab-na-devojche-vo-petto-oddelenie-04.jpg

4. А омилена книга?

„Мојот маж“ од Румена Бужаровска.

5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?

Глумец отсекогаш и засекогаш Марлон Брандо, омилена глумица Мерил Стрип.

Филм е Amadeus од Милош Форман, серија - Fawlty Towers („Фаличниот пансион“) со Џон Клиз, во продукција на BBC, стара преку 30-40 години.

6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?

Навивам за „Вардар“ и „Работнички“, а омилени спортисти ми се Новак Ѓоковиќ и Никола Јокиќ.

tijana-dapchevikj-za-crnobelo-leksikon-mu-skrshiv-zab-na-devojche-vo-petto-oddelenie-03.jpg

7. Имаш ли милениче? Како се вика?

Имам средна пудла, се вика Баџа. Децата на Тамара го викаат Баџоле.

8. Кој ти е среќен број?

5.

9. Кој ти е омилен виц?

Кога Црвенкапа тргнала кај баба ѝ, во шумата ја сретнал волкот и ја прашал: „Каде одиш Црвенкапче?“

„Па кај баба ми“.

„А, што носиш во таа корпата?“

„Па, носам колачи, лепче, јаболка, јаготки, зедов и зелена салатка, шери домати и авокадо“.

И волкот ѝ вика: „Авокадоооо“.

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?

Вода и ракија. А од храна - хамбургер.

11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?

Маја Казакова ми е најдобра другарка, се дружиме веќе повеќе од 30 години. А најдобар другар ми е Борче, кој ми е кум.

tijana-dapchevikj-za-crnobelo-leksikon-mu-skrshiv-zab-na-devojche-vo-petto-oddelenie-09.jpg

12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Во основно бев одличен ученик, а во средно, некаде во трета и четврта, во лудите години, почнав да „забушавам“. Ама во главно бев добар ученик.

Хемија ми беше омилен предмет во основно, а во средно „Историја на музика“ , „Виолончело“ и „Оркестар“.

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?

Не сум некој поклоник на тоа идолопоклонство, но отсекогаш сум тежнеела да бидам остварен човек и родител како моите родители.

14. Кога би можела да си лик од цртаните, кој лик би сакала да бидеш?

Гарфилд - само јаде, спие и прди.

15. Најголема беља што си ја направила во детството?

Кога бев мала, не правев бељи јас - Тамара беше заслужна за правење бељи по дома.

А јас, не можам да кажам дека е беља, ама кога сум била во градинка, на 4-5 години, сум земала вазна со вода, сум се полила со неа, сум ги фрлала цвеќињата и сум викала „Среќна Нова година“.

tijana-dapchevikj-za-crnobelo-leksikon-mu-skrshiv-zab-na-devojche-vo-petto-oddelenie-02.jpg

16. Дали некогаш си се степала?

Е, сум се тепала како мала низ маало, а и во школо се имам степано. На едно девојче ѝ имам искршено и заб во петто одделение.

17. Што правиш во слободно време?

Читам книги, гледам филмови и серии, одам во театар и во кино.

18. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакала да се вратиш?

Би се вратила кога бев на почеток на средно.

А ако зборуваме за епохи, би сакала да живеам во времето на Катерина Велика во Русија.

19. Што немаш, а би сакала да имаш?

Имам сè! Не ми треба ништо.

tijana-dapchevikj-za-crnobelo-leksikon-mu-skrshiv-zab-na-devojche-vo-petto-oddelenie-08.jpg

20. Дали досега си билa вљубена?

Па, вљубена сум и понатаму во маж ми, него највеќе си го сакам. Ама мислам дека пред 15 години се вљубив и во син ми.

21. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?

Дарко се викаше, јас бев петто, тој беше осмо. Не знам што прави сега и каде е.

22. Се сеќаваш ли на првиот бакнеж? Каков беше?

Исто, со тој Дарко од погоре.

23. Како ти се викаше првиот дечко?

Бевме „клинци“. Мојот прв вистински дечко се викаше Игор.

24. Која песна те потсетува на него?

Сите музики од Steve Ravon.

tijana-dapchevikj-za-crnobelo-leksikon-mu-skrshiv-zab-na-devojche-vo-petto-oddelenie-06.jpg

Што би го прашала сопственикот на овој лексикон (CRNOBELO.com)?

Тијана: Од каде ви идеја за овие прашања со дечково, бе аман? И ништо не ме прашавте за син ми, ама добро го вметнав во еден одговор.

CRNOBELO.com: Лескиконот сите го пополнувавме во основно и средно школо и тогаш никој не го интересираа деца, туку симпатии и дечковци (и уште поважно - дали тој што ни се допаѓаше, му се допаѓавме и ние)...

Затоа умешно ги избегнавме прашањата за децата, ама секоја чест за снаодливоста да го спомнеш и Вук.

tijana-dapchevikj-za-crnobelo-leksikon-mu-skrshiv-zab-na-devojche-vo-petto-oddelenie-07.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
Ивана Кнез за CRNOBELO лексикон: „Како дете сум се загубила на Охридско Езеро 12 часа“ „Прв симпатија ми беше Боби од градинка, скршив нос на едно девојче за него. Да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg