Со друштвото си ги купивме најгрдите маички за Нова година наместо убави подароци (и пресреќни сме)

Иако идејата тргна од мене, сите мои пријатели сфатиле дека треба да купат грди празнични маички, освен јас. Во мојата глава маичката само требаше да е грда, ама сепак да ми е на мене убава за да ја купам и подарам некому. На крајот дури и ги убедував дека не треба да бараат „празнично грда“, туку само „најнеубава маичка на цел свет“.

FotoJet.jpg

Веќе неколку години со другарите имаме убава празнична традиција - се собираме кај еден од нас дома, секогаш околу католички Божик, со малку мезе, многу пиење, празнична атмосфера и подароци.

Некогаш е тоа лотарија, другпат си правиме Secret Santa. И нормално, никогаш не останува тајна, бидејќи некој ќе побара совет од другиот што да му купи на третиот и кругот се шири. Но, тоа не значи дека не се забавуваме додека ги отвораме подароците и си „мрчиме“ колку ни се погодени или „згрешени“.

Но, оваа година решивме да направиме нешто поинакво – да си ги подариме најгрдите можни маички.

so-drushtvoto-si-gi-kupivme-najgrdite-maichki-za-nova-godina-namesto-ubavi-podaroci-i-presrekjni-sme-05.jpg

Идејата ја добивме од едно видео од Инстаграм, на кое другарки кои отишле на летување, се договориле секоја да ја купи најнеубавата маичка што ќе ја најде, а потоа да излезат така облечени во град и да се прошетаат за сите да ги видат.

Ни се допадна помислата да направиме нешто поразлично.

Иако уште во август почнавме да зборуваме на темата, а и повремено на глас ќе се прашавме дали сè уште стоиме на идејата за ugly T-shirts, или сепак сакаат некоја лотарија, сите беа расположени да се подновиме со грди маици, а потоа да ги облечеме и да излеземе со нив на некое јавно место за убаво да се „изрезилиме“.

Договорот беше маичките да се машки модел и големина L за да може секој да влезе во нив.

so-drushtvoto-si-gi-kupivme-najgrdite-maichki-za-nova-godina-namesto-ubavi-podaroci-i-presrekjni-sme-04.jpg

Иако идејата тргна од мене, сите мои пријатели сфатиле дека треба да купат грди празнични маички, освен јас. Во мојата глава маичката само требаше да е грда, ама сепак да ми е на мене убава за да ја купам и подарам некому.

На крајот дури и ги убедував дека не треба да бараат „празнично грда“, туку само „најнеубава маичка на цел свет“.

Мојата потрага по совршен грд подарок почна уште во средината на октомври.

Мислам дека изминативе 45-50 дена по десетпати ги поминав сите продавници во еден од нашите молови. И кога конечно најдов совршен примерок – дебел Дедо Мраз со гол стомак – немаше број. Кое разочарување...

„Вчера ја продадовме, ова ни е единствената продавница во Македонија, нема да нарачуваме други“, ми рече продавачката.

so-drushtvoto-si-gi-kupivme-najgrdite-maichki-za-nova-godina-namesto-ubavi-podaroci-i-presrekjni-sme-06.jpg

И денес ми е криво што немаше бројче. Затоа, на крајот решив да испринтам маичка со натпис, за која знаев дека ако му се падне на некој од момците ќе биде топ, ама ако ја добие девојка, ќе биде незгодна за носење поради пораката (обидете се да ја пронајдете на фотката).

Но, си велам, ако веќе одиме да се изрезилиме, барем да го направиме тоа со стил (или не).

Оваа година многу и не се потрудивме да ги спакуваме подароците. Па бевме во дилема дали да ги ставиме во една голема ќеса и секој да си влече „на слепо“, или да одиме со бројчиња, па на кого што му падне.

И дали ако ти се падне твојата маичка треба да си ја задржиш или да ја смениш?

Најдовме онлајн апликација со „тркало на среќата“ и еден по еден почнавме да бираме.

so-drushtvoto-si-gi-kupivme-najgrdite-maichki-za-nova-godina-namesto-ubavi-podaroci-i-presrekjni-sme-03.jpg

Маичките - од грда, погрда, од обична до празнична, од смешни натписи до модели за кои и сега се чудиме како некој решил да ги произведе и стави на полица за продажба. Можеби баш за нешто вакво – за пријатели кои сакаат да си ги подарат најгрдите можни модели. 

Се смеевме кога ги отворавме, ги коментиравме дизајните, ги „ругавме“ дизајнерите и се замислувавме како ќе изгледаме во нив.

Еден од другарите реши да биде модел и да ги проба сите една по една за да видиме како ќе ни стојат.

Мора да признаам дека имаше и разочарани, оти сите маички сепак не се празнични и нема да носиме ugly Christmas shirts. Можеби вгодина, ако не смислиме нешто друго.

so-drushtvoto-si-gi-kupivme-najgrdite-maichki-za-nova-godina-namesto-ubavi-podaroci-i-presrekjni-sme-02.jpg

А, за тоа каде и кога ќе се „брукаме“ јавно? Планот е тоа да биде на 2-ри јануари, во кафеана во Куманово, каде што ќе одиме на постпразнична „екскурзија“.

А ако и тоа не е доволно резил, секогаш постои план Б – да излеземе напролет во некој од поелитните скопски локали и да се фотнеме за спомен.

П.С. Се прашувате која маичка ми се падна? Најгрдата, со сите празнични апликации кои можете да ги замислите.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...
Најубавите новогодишни честитки за 2024 што може да им ги испратите на саканите Сакате на драгите луѓе да им ја честитате новата година, но немате инспирација? ...
Лара Иванова за CRNOBELO лексикон: „Како дете си ја расеков брадата - лузната ја имам и денес“ „Во градинка бев заљубена во еден Мартин, но сега не знам каде е ниту што прави“...
И ние бевме првачиња, па успеавме и без накитени торти, ранци и кутии за храна – потребен ли е овој ... Се приближува почетокот на новата учебна година, време кое за родителите на прва...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg