И ние бевме првачиња, па успеавме и без накитени торти, ранци и кутии за храна – потребен ли е овој луксуз?

Се приближува почетокот на новата учебна година, време кое за родителите на првачиња е доста емотивно – нивното малечко веќе зачекорува во „поголем свет“. Нови обврски, нова рутина, нова средина, нови другарчиња… но, дали нужно со сето ова да се наметнуваат и нови споредби?

prvachinjata-i-novata-uchebna-godina-dali-roditelite-troshat-ogromni-finansii-za-nakiteni-uchilishni-ranci-i-tetratki-01.jpg

Полека но сигурно, веќе не размислуваме многу за летните потребни реквизити, туку мислите ни се пренасочуваат кон оние малку постудени ноќи.

Новата учебна година ни е на прагот, а оние кои во училишните клупи првпат ќе ги испратат своите најмили, во себе доживуваат бура на емоции.

Но, се чини дека во последно време сè повеќе сме сведоци дека всушност тие емоции излегуваат на површина и повеќе отколку што треба.

Торти накитени со букви, моливи и книги (зашто ако не постојат, детето нема да учи, зар не?), ранци со омилените ликови (зар само да ги има на роденденската торта?!), меки тетратки со пердуви, моливи со најразлични приврзоци, острилки во различни форми и големини, од овошје и зеленчук, до Мики Маус и Барби, кутии за храна кои никако не смеат да бидат еднобојни.

А детето, има ли потреба од целиот тој луксуз?

И ние бевме првачиња, и ние треперевме пред новата учителка и пред големата зелена табла за првпат. И ние за првпат допревме клупа и имавме свое столче, до некое наше другарче.

Но, ние немавме школски прибор како од бајките, па сепак учевме да ги пишуваме буквите и да собираме броеви. Сосема е јасно дека времето е променето, но, зар се променети и потребите на првачињата?

prvachinjata-i-novata-uchebna-godina-dali-roditelite-troshat-ogromni-finansii-za-nakiteni-uchilishni-ranci-i-tetratki-03.jpg

Децата не знаат за огромните финансиски средства кои семејството треба да ги издвои овој месец, за да го внесат своето најмило во новата училница.

Но, ние родителите знаеме. Знаеме дека самите го поставивме овој стандард.

Па, зар ќе одолеат баба и дедо да не го купат најубавиот, најскапиот и најшарениот училиштен ранец за своето прво внуче? Зар мама и тато не заработуваат доволно за да ја купат најквалитетната облека и обувки?

И така, споредувајќи се меѓу себе, зборувајќи со недели однапред, родителите си поставуваат сè повисоки стандарди, а многумина не сакаат да отстапуваат од нив (за доброто на своето дете, или за нивно добро).

А детето, има ли потреба од нешто друго, освен да се чувствува сакано?

Нова средина, нови соочувања, нови предизвици. Возбуда, малку треперење и насолзени очи – ја нема воспитувачката од градинка.

Па, зар ќе се утеши со белите пердуви на тетратката со дебели корици?

Да ги гушнеме своите деца, да ги подготвиме за новиот почеток. Но не со премногу фрлање пари. Туку со тоа што ќе им дадеме надеж за иднината.

Така што ќе им покажеме дека треба да ги бараат своите крилја, додека ние секогаш ќе бидеме нивните корени, цврсто да ги држиме за земја.

Да го погледнеме во очи своето дете и да му ги покажеме вистинските вредности кои утре, задутре, треба да ги бара во своите другарчиња со кои наскоро ќе ја дели училишната клупа!

prvachinjata-i-novata-uchebna-godina-dali-roditelite-troshat-ogromni-finansii-za-nakiteni-uchilishni-ranci-i-tetratki-02.jpg

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Елката што ја украсуваме секоја година е многу стара, но за мене е посебна“ „Оваа елка е стара и има видено многу работи и многу ја сакам. Не би ја заменила...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg