Гумени сандали, платнени лежалки на расклопување - Kако изгледаа летните одмори во Југославија?
Никаде не се одеше без гумени сандали, чадор, пренослив фрижидер и платнени лежалки. До морето се патуваше со стар автомобил, а на одмор се седеше и до 2 недели.
Доколку ги прашате постарите, тие веднаш ќе ви кажат дека во Југославија се живеело многу подобро.
Секоја доба носи свои предизвици и не можеме да избегаме од фактот дека без разлика во колку модерно општество живееме, секогаш некако гравитираме кон минатото, а тој ретро тон секогаш се вовлекува во секоја сфера од животот.
На социјалните мрежи сѐ повеќе гледаме како луѓето се потсмеваат со така наречените „патлиџан туристи“, а генерациите кои растеа во 80-тите и 90-тите најмногу уживаа во таквите летни одмори.
Носталгијата по некое за нас најубаво време за живеење е присутна кај сите.
Затоа ние ќе ве потсетиме како изгледаа летните одмори во 80-тите на просторите на поранешна Југославија:
Одморите служеа за создавање спомени
Сигурно сите имате спомен од детство додека извалкани од сладолед се обидувате да го закачите мокриот костим за капење и пешкирите на сушница, додека вашите мајки и баби подготвуваат ручек.
На одмор се седеше по 10 дена или по 2 недели, а до морето се стигнуваше со автомобил без клима уред, додека се слуша музика на радио.
фото: Инстаграм
Се испраќаа разгледници
Во минатото, купувањето и пишувањето разгледници, лижењето на поштенските маркици и ставањето во поштенското сандаче беше момент на огромна радост.
Денес, со објавување на социјалните мрежи, видеоповици и пораки, на сите можеме да им покажеме како се чувствуваме, каде го поминуваме времето и каде одмораме.
Порано требаше само да избереме убава фотографија од местото во кое се наоѓаме и да ги сумираме сите впечатоци и желби во само неколку реченици испишани на разгледницата.
Никаде без гумени сандали
Опремата за плажата содржеше гумен чамец, сопствени лежалки на расклопување, чадор за сонце и пренослив фрижидер, а на стапалата се носеа гумени сандали Југопластика Сплит.
Во последните неколку години, овие сандали повторно доживеаја бум во некои нови, помодерни верзии на големите модни куќи.
фото: Инстаграм
Гитари и летни тераси
Секогаш се наоѓаше некој кој на одмор носеше гитара, па кога ќе почнеше да свири, сите пееја во еден глас.
Едноставни фустанчиња за жените
За разлика од денес, кога на плажа и прошетка по крајбрежје дамите носат разни модни додатоци, порано се носеа летни фустанчиња со едноставен крој, во разни бои и дезени.
Времето не може да се врати и не треба да се живее во минатото.
Наместо тоа треба да се свртиме кон иднината и да создаваме нови спомени и тоа можеби токму на овој летен одмор што е пред нас.
фото: Инстаграм
С. Ш. | Црнобело