Поучна приказна која за 30 секунди ќе ве научи мудрост за цел живот
Еден млад човек му се обратил на еден мудар старец со зборовите: „Толку си мудар, секогаш си добро расположен, никогаш не се лутиш... Помогни ми и јас да станам таков“.
Старецот се согласил и го замолил својот нов ученик да донесе компир и една проѕирна вреќа.
„Кога ќе се налутиш на некого и ќе ја скриеш својата навреденост“, рекол старецот, „земи еден компир, на едната страна напиши го своето име, а на другата името на човекот со кого си се скарал и потоа стави го компирот во вреќата“.
„И тоа е сè?“ – прашал зачудено младиот човек.
„Не“ одговорил старецот. „Потребно е секогаш да ја носиш таа вреќа со себе и секогаш кога ќе се почувствуваш навреден, во неа стави уште еден компир“.
Младиот човек се согласил.
Поминало некое време. Вреќата се полнела со компири и станала прилично тешка.
Било многу незгодно постојано да ја носи со себе. Освен тоа, компирите што први биле ставени во вреќата почнале да се расипуваат. Некои ‘ртеле, а некои скапале и ширеле непријатен мирис.
Младиот човек дошол кај старецот и рекол: „Невозможно е да ја носам оваа вреќа со себе. Прво, премногу е тешка, а второ, компирите се скапаа. Предложи ми нешто друго“.
Но, старецот му одговорил: „Истото се случува и во твојата душа. Кога ќе се налутиш на некого или ќе се почувствуваш навреден, твоето срце малку по малку станува како камен и станува сè пооптоварено, а твоите постапки се претвораат во навики.
Лошите навики создаваат лош карактер, а од него се создаваат пороци што се непријатни.
И на тој товар лесно би заборавил ако не беше толку тежок за постојано да го носиш со себе.
Ти дадов можност сè да гледаш од страна.
Секој пат кога ќе одлучиш да се навредиш или да навредиш некого, размисли дали ти е потребен тој товар“.
Извор / фото: depositphotos.com
Би можело да ве интересира:





