Стефан Филиповски за CRNOBELO лексикон: „Најдобро потрошени пари ми се за станот што си го купив“
- Детали
- петок, 30 август 2024
„Не бев многу по учењето, но знаеше да ме фати инает и да поминам многу добар во средно“- Стефан Филиповски се потпиша во лексиконот на CRNOBELO.com.
Стефан Филиповски, едната половина од братското дуо „Некст тајм“, како дете сакал да е фудбалер, ама не се жали ни за тоа што избрал да биде музичар.
Сепак, љубовта кон фудбалот и понатаму трае, па тој игра секогаш кога може со другарите, а и често гледа фудбалски натпревари.
A oсвен што навива за Inter, вели го обожава Роналдо, ама не Кристијано, туку „феноменот“.
За тоа каков ученик бил, како го надминал стравот од летање, што правел како дете кога ќе се налути - ни откри во лексиконот:
1. Како се викаш и дали имаш прекар?
Моето име е Стефан, понекогаш ме викаат Стефче.
2. Колку години имаш и што си во хороскоп?
Имам 37 години, роден сум на 20.09.1986 во Скопје, а мојот хороскопски знак е Девица.
3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?
Имам повеќе песни но една од нив е Estranged од Guns and Roses. Пејачи се неколку: Брус Дикенсон (Iron Maiden), Дејвид Ковердејл, Тоше Проески, а пејачка - Селин Дион.
4. А омилена книга?
Немам.
5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?
Дензел Вашингтон и Расел Кроу се глумци, а глумица немам. Омилени филмови ми се Gladiator и Braveheart, а серија Peaky Blinders.
6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?
Омилен спорт ми е фудбалот, а навивам за Inter. Омилен спортист ми е Роналдо Феноменот, не Кристијано, ха, ха.
7. Имаш ли милениче? Како се вика?
Имам мачка која има три имиња: Мики, Михаела и Милица.
8. Кој ти е среќен број?
9
9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?
Сакав да бидам фудбалер, но и пејач не е лошо.
10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?
Ако прашувате за алкохол преферирам американско виски, но избегавам да пијам многу поради тоа што сум пејач и не влијае убаво на гласот. Од храна сакам кинеска и јапонска, секако покрај македонската, затоа што без пита ајвар не се може.
11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?
Се вика Александар, живее во Австралија и се дружиме од кога знаеме за себе.
12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?
Не бев многу по учењето, но знаеше да ме фати инает и да поминам многу добар во средно.
13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Мојата мајка.