Маја Кикириткова за CRNOBELO лексикон: „Од мала ги прекројував фустаните на мајка ми“

„Како мала сакав да бидам пејачка, но татко ми цело време бојкотираше и велеше дека ќерка му нема да биде пејачка, ха, ха“ - модната дизајнерка Маја Кикириткова се потпиша во лексиконот на CRNOBELO.com.

maja-kikiritkova-za-crnobelo-leksikon-01.jpg

Модната дизајнерка и инфлуенсерка, Маја Кикириткова, вели дека никогаш не би се вратила во некое друго време, дури и да има времеплов, бидејќи е среќна со својот живот покрај семејството.

Но, признава дека ѝ недостасува времето кога во Скопје имаше добар ноќен живот.

Таа се потпиша во нашиот лексикон и откри детали за своето детство, за најголемата беља што ја направила, но и кој ѝ е најголемиот страв во животот.

maja-kikiritkova-za-crnobelo-leksikon-03.jpg

Прочитајте го лексиконот на Маја Кикириткова:

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Маја, прекар немам, никогаш не сум ни имала. Мајка ми знае да ми се обрати со Мајче.

2. Колку години имаш и што си во хороскоп?

38 години, во хороскоп сум Јарец - родена на 27.12.1985 година.

3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?

Freelove од Depeche Mode, пејач - Тоше Проески, омилен засекогаш.

maja-kikiritkova-za-crnobelo-leksikon-06.jpg

4. А омилена книга?

„Папокот на светот“, Венко Андоновски.

5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?

Џони Деп и Мерил Стрип. Филм не можам да одвојам, има многу, а серија - Friends.

6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?

Израсната сум во фамилија каде фудбалот бил главна тема на разговор.

Татко ми навива за Меси, па и јас некако натаму бев настроена. Инаку го обожавам Пеп Гвардиола.

maja-kikiritkova-za-crnobelo-leksikon-13.jpg

7. Имаш ли милениче? Како се вика?

Имав папагал, се викаше Тасуле, но почина.

8. Кој ти е среќен број?

Немам.

9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?

Пејачка, но татко ми цело време бојкотираше и викаше дека ќерка му нема да биде пејачка, ха, ха.

Љубов уште од мала ми беше тоа што сум и денес - знаат фустаните на мајка ми какви сѐ дизајни имаат добиено.

maja-kikiritkova-za-crnobelo-leksikon-05.jpg

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?

Вино и џин тоник ми се омилени пијалаци, а од јадење сакам паста.

11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?

Ивана, a се дружиме доволно за да можам да ја наречам фамилија.

12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Одличен, омилена ми беше математика.

maja-kikiritkova-za-crnobelo-leksikon-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg